има (гл.) - независен (прид.)

Посебно беше нагласено, што беше од особен интерес за западните сојузници, дека основната парола на НОД не е "победа на комунизмот" туку "смрт на фашизмот, слобода на народот", бидејќи "комунистите во Југославија не можеа да ја наметнат својата волја и доктрина, а по ослободувањето ќе имаме независна Југославија и слободен народ со сите демократски слободи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на идното уредување на Балканот, Смодлака ја застапувал тезата дека "мора да имаме балканска федерација и првиот чекор би бил унија меѓу Бугарија и Југославија", а кон која би се приклучила и Албанија "со исти права", со што би се добила федерација "доволно силна да одбие секаков било напад од која било страна".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но дел од случајот на приватниот јазик се состои во тоа што бидејќи не би можело да има независна проверка на нечие употребување на овие внатрешни когнитивни ресурси, човек не би бил во состојба да ја препознае нивната употреба како коректна, и според тоа, за него воопшто не би можело да се каже дека го употребува изразот (го следи правилото).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога би постоело такво нешто, продолжуваат инпликациите, од сопствените когнитивни ресурси би можеле да препознаеме дека коректно употребуваме некој израз, (или, поопшто, следиме некои правило).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)