има (гл.) - преку (предл.)

Жените домаќинки, со засукани ракави ја готвеа зимницата; ги полнеа качињата со домати и пиперки, за да имаат преку зимата тазе туршија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Впрочем, гледај колку мостови има преку реките.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Работникот Орхан Авдиќ од Скопје (сега 54-годишен) беше вработен во фабриката за цигли, тули и ќерамиди – АД за произ- водство и промет на градежни материјали „Киро Ќучук“ – Велес, која во транзицијата беше приватизирана по партиска линија од страна на локални моќници, со договор за работа на неопределено време, од 1982 год. – седумнаесет години пред да настане конкретниот работен спор опишан подолу.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
166 Љ. Н. против Охис Спор за неисплатени плати1 Praemia quisque labor, optat habere sua. Секоја работа си сака да има и своја награда.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот Љ.Н. од Скопје (сега 50-годишен) беше вработен со договор за работа на неопределено работно време во „Охис“ АД – Скопје, фабрика од хемиската индустрија со доминантен државен пакет на акции во која, само во неговиот погон, имаше преку 250 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како што може да се види, дејноста на фабриката во којашто работеше тој беше од областа на градежништвото и кога настанува спорот, кон крајот на 1999 година, во неа имаше преку 250 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1.  Оваа фондација, чиј патрон е маченикот на Германската ноемвриска револуција д-р Роза Луксембург (Rosa Luxemburg / 1871–1919), жената која беше најважниот претставник на интернационализмот и антимилитаризмот за време на Првата светска војна, има преку 200 партнери од над 50 земји, како и 14 интернационални канцеларии, во речиси сите делови на светот, а нуди сестрана образовна програма на суштински теми: глобализација, социјална правда и еднаквост, родова политика, демократска партиципација, екологија и одржливост, локална самоуправа, антифашизам и антирасизам, современа историја и критика на капитализмот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Еве во Охрид, сарајот на пашата е сосем долу, крај езерото, убав е, има преку триста простории, со амами, со аули и дворани, разноразни малечки соби.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ги зачував недопишаните тетратки, размислуваше Влатко, ќе имам преку цела година листови за концепт, прибелешки, вежбање и за слободни активности.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Еднаш, сигурно имав преку седумнаесет години години, а таа имаше петнаест, си купила костум класичен, чевли, кошулка спроти костумот и сѐ друго што ѝ требаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)