има (гл.) - кон (предл.)

Затоа тој реши да ѝ напише писмо на нејзината внука, длабоко убеден дека напишаното првин ќе го прочита тетка Асја, и дека заради нејзината добрина и почитта што таа ја имаше кон него, работите ќе се променат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Најдобрата позиција што може некој да ја има кон локалното (националното) и универзалното (интернационалното) е позицијата од која овие два аспекта би ги опсервирале со респект и куриозитет на Ум кој опсервира микрокосмос и макрокосмос.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кон времето имаше исто чувство какво што имаше кон бочвата, што беше наполнета со неговото домашно и одлежано вино и беше сместена в земја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но и Петар како и тој добро знаеше дека Павле, своите писма си ги корнеше право од душата и дека тие беа јасни како езерска вода, оти и љубовта што ја имаше кон Бога, кон Учителот и кон луѓето за кои пишуваше му беше таква.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, мојот дамнешен пријател ми остана последната жива врска со Арафат, да ми сведочи за него, за нивното политичко разидување, сѐ до времето кога го изнесоа на смртната постела од бетонскиот кафез-резиденција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последната средба со поетот Махмуд Дарвиш ја имав кон крајот на 2007 година во Струга кога тој се овенча со поетскиот Златен ловоров венец на поезијата, вредувајќи се меѓу поетските великани во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас сето тоа го примив со онаа чиста и длабока љубов што се има кон пријател и другар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сета ваша големина значи била во довербата што сте ја имале кон целта што сакавте да ја постигнете!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, признај, ти немаш белешка дека си му го предал на твојот шеф она што било во теглата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)