има (гл.) - в (предл.)

Затоа, кога ќе ја имате в раце немојте да мислите на игли за плетење и плетиво, а воопшто да заборавите да мислите на љубов.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Последен пат кога нешто имаше в уста, беше вчера, пред да почне советувањето. Пексимид и планински чај.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На дваесетти август им исплатив на луѓето една третина од сработеното. Да имаат в џеб.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„... Како да било... Би што би... На Војнета наш не му беше доста што цело село го имаше в џеб...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
ЕФКА: Јас верувам, Кево, знам колку пари имам в ќесе. Девојката е умна, мила.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Јас знам што ќе му речам и за кал под ноктите и за ее... (Станува и тргнуеа.) Така, сестро Кево, како што ти реков.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Чуварот засркнато и нерешително им рече дека работите што ги имаат в џеб веќе не им се потребни и подобро ќе биде да му ги остават нему.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- А по колку учители имате в училиште? - прашуваше. - А кој ќе знае...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
– „Ако се раздени, ќе ти кажам јас тебе клетва ќе добијам и друзи маслаати што ми ги кањараш ти мене, си велел сам со себе Силјан, дури да си појдам в град, да ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи има в град ладни меани, да седам и ќеф да терам со граѓаните.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Станува ова на сам Бадник и никако чудо не е што станува: тројца партизани во овој миг имаат в раце бугарски подофицер, младо човече, смешно и невојничко.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Овој се налутил та со секирата што ја имал в раце замавнал и го отепал човекот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ко мивка, ко струшка да имам в уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)