има (гл.) - сознание (имн.)

Знаејќи дека еден актер на премиерната вечер пумпа адреналин доволно да убие просечен човек, Ирвинг правилно постапил: Прво, затоа што не е просечен човек и второ, затоа што има сознание оти актерот треба секогаш да ги зазема врвните позиции.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да имаше меѓу Словените во Македонија национално и религиозно единство и да имаше сознание за нив во жителството, досега наполовина ќе беше решено македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исто така, таа има сознанија дека директорите, на неколку наврати во минатото, ги подмитуваа трудовите инспектори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Извршителот не смее да го одбие спроведувањето на извршувањето, освен во случај ако се исполнети условите за негово изземање и ако има сознание дека за истата извршна исправа се спроведува извршување кај друг извршител (чл. 3, ЗИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Извршителот го спроведува извршувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Најпосле, таа им соопштува на директорите дека дефинитивно ќе поднесе тужба, на што тие реагираат прилично нервозно – бидејќи не очекуваат нивни вработени да се одлучат на овој „радикален“ чекор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После консултација со адвокат (Е. Јоцевска), која правно ќе ја застапува во сите понатамошни фази на спорот, во текот на месец март 2006-та, таа покренува работен спор пред Основниот суд во Битола, со цел по судски пат да ги оствари своите побарувања (поднесува колективна тужба заедно со уште двајца вработени во фирмата).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На ова се надоврзува чл. 30 од Законот кој предвидува дека на вработените во јавниот сектор кои усно или писмено пријавиле сомневање или имаат сознание дека е извршено, или се извршува или е веројатно дека ќе се изврши некое кривично дело против службената должност или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се загрозува јавниот интерес, безбедноста и одбраната, им се обезбедува заштита согласно со закон и им се гарантира анонимност и доверливост до степен и до момент до кои тој тоа го бара.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)