има (гл.) - приказна (имн.)

Му рекоа дека има уште четири куќи од Штекиќи и дека се најимотните во селото, но дека и селото и сиот тој крај осиромашиле, дека џамијата им пропаднала и изгорела, чешмата пресушила; а најлошо им е тоа што немаат мост на Жепа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веднаш почувствував дека тука има приказна за нешто повеќе од 15-минутен квази-документарец.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Уште да ја имаше приказната, но барем ќе го има блокот во кој приказната може да се раскаже.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И оној од Ираклион, се сети, имаше приказна со неа во главната улога: се качуваше по спиралните скали со везена железна ограда на една сецесионистичка зграда.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше пријатно, така во несреќа, да се мисли на далечната земја и на раштрканото село Жепа, каде што во секоја куќа има приказна за неговата слава и за успехот во Цариград, а каде што никој не ја познава опачината и не ја насетува славата ниту цената со која се добива успехот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако има приказни ќе има и недосонувани сни Ако има сни ќе има и јаве Ако има јаве ќе има и сејач Ако има сејач ќе има и семка Ако има семка ќе има и лебец Ако има лебец ќе има и вино Ако има вино ќе има и денгуба Ако има отповеќе вино ќе има и мушички Ако има мушички ќе има и пекање по светлината ноќум.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Некако и се стори пополезно да се помачи најпосле да разбере зошто (пак на времето!) некој беше бил рекол дека луѓето без маало и без роден крај, всушност се - слободни луѓе ЛЕБЕЦ И ВИНО Ако има дедовци ќе има и приказни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)