има (гл.) - касмет (имн.)

– „Лели те довеал ветрот у нашава земја, кај што човек не дошол досега, му рекол, ќе ти кажам од кај те познавам, чунки си имал касмет да се видиш со мене и гостин ќе ми бидеш у мене.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И кога Толе му се кажа, Волче се израдува и си рече: „Ајде, белки има касмет да а спасе главата" — и со трчање отиде кај ќерка си.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
РИСТАЌИ: Си имал касмет да земеш девојче како летница.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Која ќе има касмет да го носи.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
– Ако имаме касмет да стигнеме до него, колај ќе ја разбистриме сета работа – им велеше попот на другарите -ама не верувам. Не нѐ остава тој пес кадијата; ќе нѐ расипе уште во Прилеп – со право се плашеше попот, знаејќи го свирепиот карактер на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)