има (гл.) - време (имн.)

Зар не гледаш дека е тоа единствениот пат ние самите да се ослободиме, додека уште има време?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Мајка, сега прв пат во животот, имаше време да ги чита, да ги дочитува и непрочитаните книги на Татко, небаре оставени во аманет, со надеж дека се доот­кри­ваат новите пораки за натамошното спасување на семејството на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
оние пак, кои го завршиле талкањето, влегуваат во метрото влегуваат како во олтар од длаборез и уште неседнати почнуваат да 'рчат, 'рчат во сите тонови, мнозина басираат ама има и такви кои фаќаат високи октави, заспаните 'рчат ли 'рчат ама нема кој да ги чуе отшто јапонија да ми ти била земја на затворени прозорци а јапонците да ми ти биле луѓе со затнати уши кои кога се будни во метрото спокојно си читаат додека сонародниците им се дават од 'рчење - ем си 'рчат, ем набрзина каснуваат нешто во сонот оти во кусиот сон има време и место сал за една плескавица (и тоа на месечина) што во мекдоналдсите се нарекува хамбургер.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во неделите и во празниците, кој кога ќе има време, да почнеме со кршење камен за општината и за училиштето, за црквата веќе имаме искршено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Оставете го побратимот да влезе в куќи! Ќе има време на сите да ви одговори, - нѐ прекина Мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Биди умен, куме, покори се. Онисифор Мечкојад ја извадил десната рака од пазуви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А сега можат да се продаваат само лупени семки, но кој е тој што ќе има време и трпеливост да продава лупени семки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сотирчо е малечок, има време, ќе открие што можат неговите раце!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Доколку сред големите градови бараш некој да ти помогне - црнецот ќе има време за тебе и твојот проблем.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во летните месеци, кога имаше помалку читатели, во магазинот беше попријатно одошто во горните простории и Грдан имаше време да прелистува книги во преградениот агол со стол и маса, што магазинерите си го викаа гулабарник за да не биде кокошарник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И така, застани овде, погледни онде, пооди малку, почекај малку, врати се чекор-два и сè со тоа “има време“ двајцата делии не стигнуваат на првиот час.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тогаш на рает ќе има време за се па и за Ќосото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во Албанија имаше време на логори и често се одеше таму.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега се претставува само како Грета и ја бие глас дека е најдобрата пушачка во државата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Камилски, гостејќи се повеќе со очите отколку со устата, имаше време прв да се огласи: Ова е голем ден, мили мои, стигнавме на крајот од мисијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пак си се тешев: „Имаме време, има уште некое време, нема да биде сега…, па ти ми рече седум години“. 10.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Додека не стигне до трисобниот комфорен стан на најгорниот кат, жена му има време уште еднаш стравствено да се прилепи до телото на младиот љубовник, да го турне во лифтот, да се врати во станот и да чека две минути, три.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Недостигот од течна храна го надоместуваа - наутро, пред да појдат на снимање, по обилниот појадок, со планински чај што сами си го береа патем и сами си го вареа во лимени чапчиња; навечер, кога ќе се вратеа капнати од терен и кога имаа време да си ги подгреат месните конзерви, со по некое шише или балонче вино од непознато потекло, за кое Геро не кажуваше од каде го наоѓа - дали преку врски со магазионерот, дали под тезга од кооперацијата или пак од некој селанец, кој брзаше да си ја доцеди бочвата пред да му ја исуши некоја реквизиторска инспекција или пред да му ја потопи идното езеро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тука падна муабет за тоа кај ќе се слави новата година, а имаше време околу месец и пол до тогаш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да си ја наместиме чергата колку што ни се долги нозете? Чаре? Дали гледаш чесен излез?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите што не се огласија на прозивката, не се вратија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Слично беше и со зборот јаваш (yava) од персиско потекло, со основно значење полека, лека полека, има време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Дали сте свесни за важноста на сегашноста или упорно се обидувате да го реконструирате минатото?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Дали имате време на луѓето околу вас да им кажете колку ви се потребни и колку ги сакате?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Никогаш не сум имал време да си го избришам газот до крај од толку што требало да се брза.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Ќе имаме време за многу нешта да зборуваме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бидејќи имаше време на претек, тајно, без знаење на Рада, веќе ги беше купил венчалните прстени кои секогаш ги носеше со себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
До доцна во ноќта Камилски пребаруваше во веќе отворените речници османски заемки од областа на архитектурата и урбанизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Толе и Јован се поослободија. Значи, имаат време, ќе се мрднат од местото дури да се разбере работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас сум Ти, Бреза, ние сме едно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури тогаш жителите на Потковицата имаа време да се запрат над стрика Анѓела; го превртија на грб и со викање, со триење на вратните жили се обидуваа да го освестат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Рано е, имаме време.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кај сум имала време да мислам дали ми загинала менструацијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лесно е да каже­ме што не чини, туку ајде да направиме како чини. жалосно е ако луѓе со позитивна енергија решат да се бават со самоуринирање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За нив секогаш ќе има време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој не можеше да грабне момент ни да пивне од виното колку да ги потисне сувите залаци, а таа имаше време и да отпива од чашата и да си дотура од виното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И сѐ си мислевме: има време, ден-година, ќе го собереме сеното.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се разбира, имале време за тоа, бидејќи бомбата на Милан била со долг фитил, за да им се овозможи на граѓаните да се спасат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Имаме време. Летото е пред нас. - Но моето време е броено...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Море, бегај дури имаш време, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нека се подобри положбата, за разговори и за посети има време...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Макар колку да има време, мене истовремено ме вознемирува тоа што јас не ќе мозам да видам кога ќе се стемни за да ја спречам несреќата што на мојот дом му претстои.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Вака, кога го предупредуваа, имаше време да ги пречека ударите подготвен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие што сакаат да филозофираат или имаат време за размислување покрај обврските што ги наметнува баналното секојдневие, често размислуваат за смислата на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да имаше време и можности за поинтензивно разгледување, веројатно би се дошло до слични увиди.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ќе имаме време и повеќе работи да си кажеме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А вториот, барем, ќе има време цел ден да се вртка околу тебе и да ти се наоѓа ако треба нешто да ти поправи по дома, да ти испазари нешто по жешкото и секогаш да биде одморен за да може да легне со тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Петлите премногу ги ангажираат кокошките ”се топорат врз нив и ги исцрпуваат”, рече таа, така што, кутрите, одвај имаат време да несат јајца и да ги квачат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Деновиве сум зафатен, но кон крајот на неделава ќе имам време.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Аферим, аферим!50) А, така... Ќе дојде... ќе биде!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ќе го имаш пак само доколку си останал без тоа негде блиску, за да можеш да се повратиш; но ако си одел без тоа толку долго, за веќе да си имал време да ја свртиш браздата на твојот живот во сосема друга насока по која што те повела таа твоја загубена рамнотежа, тогаш повеќе ни еднаш нема да бидеш во состојба да го побараш и да го најдеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Хрисостом говореше беспрекорен германски јазик и со оглед на држењето, лежерноста и природниот авторитет што зрачеше од великодостојникот, тој факт им остави уште подлабок впечаток, клучен, како што ќе се покаже, за целото нивно присуство на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Татко му нагласи дека е најбитна операцијата на очите, додека книгите се на втор план, за нив секогаш ќе има време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Има време. Ќе работиш, ќе спечалиш, ќе ми ги вратиш. Само, што е ред, ред. Согласен ли си? (Костадин се колеба).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А јас по телефон им реков: другари, за стрелање секогаш има време, мислејќи дека случајот ќе се заборави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— А за невестата Неда, лесна работа, има време, ќе се видите — се нашакува Митре, знаејќи ја слабата страна на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не престанувавме да ја молиме, ако има време, да се премисли, но од сите кажувања, најречит беше Татко­виот молк.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
ВЕЛКОВ: Што би било да има време?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Гледам на часовникот - имам време. И возам до Црниче, на „Востаничка“ улица.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ренди ќе се бутнеше во него, ќе го погледнеше настрана или ќе процедеше нешто низ заби, ќе направеше некој бесрамен и заканувачки гест, и пред да има време да размисли што прави, Дејв ќе одговореше на ист начин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Само мртвите имаат време за чекање, вели Лазор Ночески, оти времето, сето време е кај мртвите, вели, и со прстот врви по веѓицата од сечилото на ножот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кога ќе имаш време позачисти, поспастри и понареди за кога ќе дојдам да си ја земам Антица да биде се во ред.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Има време, ќе бидете со нас.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За кажување има време...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
СИМКА: (Со насмевка). Од црква идам, Костадине. Бев пред света Пречиста... да ја дарувам... (Срамежливо). Костадине, денес многу, многу те милувам...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Има време... Султанот си ја знае работата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Не ѝ верував на мајка Ајде симни се и подготви се, до вечер има време ќе попушти, зар не го знаеш?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Имаме време, никаде не ни се брза, ќе си ги читаме и Пецко, и модата, и козметиката“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И еве, сега, кога можев веднаш да се запишам во мандолинскиот оркестар, си ја покажав глупоста: се занимавам со некакви афери со сликички - животинско царство и со некакви лексикони.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Речиси и пред да имал време да смисли нешто со што секогаш бил поинаков од другите, пркосен, брзоплет, во бриткоста како штотуку симнат од точило, се свртел да ја гледа во далечина темната модрина на небото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Па денес, оние обичните седат, навистина во релативен спокој зашто е воено време, но седат на слобода, по своите домови, а тој е втурнат во немир, на работ од растројство, затворен тука, толку далеку од семејството на коешто којзнае кога и дали воопшто ќе се врати...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Томо на венчавката со Рада гледаше како на нешто за што „има време“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И беше готова порано, имаше време да се подготви, дотера, да се издише и мирно се упати кон излезот од дворот на офицерскиот дом, кадешто веќе ја чекаше Петар.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Жан: Сѐ уште имаме време да тргнеме со партија покер.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Чекајте, ќе му кажам на кадијата, ако има време и ако сака, може ќе ве прими.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Првин сакаше да расчисти со најкарактеристичните заемки од областа на трговијата, кои би можеле да се најдат на листата на (без)опасните османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Па си велам: сега имаш мандолина... има време пропуштеното да се надомести.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама и друго: сега овие сегашниве се презафатени со крадење за себе за да имаат време некого да гонат...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Втората употреба се состои во генерирање на детали кои обично не би имал време да помислиш да ги правиш...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ќе патуваш, ќе патуваш, дури и ќе ти се стемни од тоа, да знаеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дувна порекот долу. Војковец и бргу, бргу се извеаја купиштата, та имаше време да се мерат довечерта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И додека Боше и брат му Атанас Цицко ги нажапчуваат капаците, откако пред тоа првин ги отвораат, а потоа и ги затвораат џамовите, (за тоа малку време во одајата шибнува студен воздух и за час го растерува чадот од цигарите и мирисот во восокот на свеќите) тој намерно зборува полека, намерно развлекувајќи ги речениците, за да остане помеѓу зборовите празнина во којашто, се надева, другите ќе имаат време да се досетат за што зборува и да размислат за тоа што зборува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Подоцна ќе имаме време за сѐ да си прикажеме. Од „Кулин бан па сѐ до денешни дни“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Камилски повторно ја бакна својата сопруга, која не беше навикната на толку голема нежност од својот сопруг, оддалечувајќи се да ја постави вечерата, додека Климент не знаејќи што да прави во кујната влезе во својата библиотека, ја остави чантата, имаше време само да отвори некои од речниците и да се врати во трпезаријата каде што веќе беше поставена вечерата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Има време и за една мижитатара со апостолот Павле кој во Македонија барал лек против алергија на црви и земја.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
- Ќе сфатиш, има време, не брзај – се насмеа тој, читајќи ми ги мислите. – Јас ќе бидам среќен заради твојата среќа, а тажен, ако си тажна и ако не ми успее да те утешам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Маалските односи се нарушуваат у два случаја: Прво, ако си заборавил или не си имал време да ја ишишаш травата, а таа пораснала повеќе од 4 инча (десет сантима).
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но Толе вината за овој неуспех не ја најдуваше во него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Понекогаш, признаваше Раиз, поради љубовта кон палмата неправедно се однесуваше кон фикусот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нема да имаат време да бидат креативни, нешто да создадат. Башка, прскаат и од страна...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Иако имаше време да продолжат барем до кај Соровиќ, тие останаа на втор конак во Битола.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не ќе можеш да се обесиш, вели, ќе се откажеш од бесењето. Ама има време, вели Давиде Недолетниот, еда, ќе најдам јас поубава бука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Има време, стрико има, ќе а смениме, пушки ќе најдеме колку да сакаш! — толку не бери гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уринирањето во ветер им го оставам на тие што имаат време.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Фонетската алузија речиси е неизбежна, а гледачот едноставно сепак има време, можеби само да почувствува нешто валкано, иако не знае точно што.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, имаше времиња кога згаснуваше нејзината ѕвезда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеш само да станеш дел од неа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ги запираше домаќинот, Стојо Батанџијата, ама тие рекоа дека агата е уморен од патот и нејќат да му додеваат вечерва, та од утре натаму имаат време, ќе поседат и повеќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Додека се враќа во ќелијата има време да размисли за сè; за поминатиот ден, за сето она што го кажал, за записникот што во сосем механичка постапка, молкум му се дава на потпишување што тој го прави лесно, како и исказите што ги дава; но пред сè за своето минато, што го доведе во оваа фрустрирачка ситуација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ѓаволски врнат, помисли. Ќе имаме време да им се нагледаме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
“Потпиши,” рече Ризо, “уште има време, сѐ уште имаш право.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Ајде, ајде! Цел живот ќе работи, за работа секогаш има време. Та целиот живот е пред него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- А кога? - Зимоска, - рече Бојан. - Ќе ти раскажувам. Има време.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Сега имаме поважни работи од жените.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За некаква одбрана, ниту имаше време, ниту беа подготвени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Можеби сите други што не размислуваат веќе ја нашле целта и значењето на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сенка на сомнежот е филм кој мене лично највеќе ми донесе задоволство - тоа е еден од многуте филмови кои ми се најдраги - бидејќи, најпосле имав време низ приказната да ги развијам и личностите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Потребно е да се каже дека значајниот човек начисто излажа: имаше време, тој со пријателот веќе одамна се изназборува за сѐ и сешто и веќе одамна разговорот го испресекуваа со многу долги молчења, лесно протресувајќи се еден другего по рамо и додавајќи: „Така ти е тоа, Иване Абрамович!“ – „Така, значи, Степан Варламович!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ние сме си куќа, за тоа има време...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Знаеше оти ќе има време да го стори уште тоа, а после ќе му остане само можноста да бега назад, кон својата пилана, без да губи време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега имав време и прилика да видам колку, всушност, мојот мил град беше запустен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ќе се разбудам и не ќе имам време ни да се насмеам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Траеја повеќе од часот, па имаше време за секакви игри.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Дали имавме време за одмор? Не знаевме што е тоа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаме време да размислиме, додека е вклучено црвеното светло на семафорот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Секогаш има време да се раскаже несреќата. Не мора да се брза...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Не очајувај мој драг докторе. Секогаш има време за поправка и втора шанса, а сега седнувај на маса, во десет часот треба да бидеме на закажаната дружба. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имав време само да го скријам италијанското и да го најдам грчкото знаме! – Каде го најде, жити бога, грчкото знаме? – Си го донесов со чеизот! – Никогаш не го видов ова знаме!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Актерот или музичарот мораат да си постават одредено ниво на изведба, додека писателот има време за менување на текстот и избирање на она што евентуално ќе го исфрли како свој конечен продукт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Полека, синко, има време, законите не се учат преку ноќ“, го прекоруваше Гамалиел, избегнувајќи да го погледне в очи кога тој, речиси борејќи се за здив, го опсипуваше со прашања.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога се вратив од часови татко ми сам седеше со Ели, која стануваше сѐ позборлива, само ако имаш време да ја слушаш.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Ведане, - ми се обрати, - утре кога ќе патуваме со возот ќе имаме време за маногу работи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Требаше да го пречека Татко попладнето, така што имаше време да се справи со последните османски заемки, според договорот со својот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше време да го проучи секој детаљ од нејзината рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако воопшто имаше време да помисли на тоа, го вознемируваше фактот што секој збор што го изговара во говоропишувачот и секој потег на неговото пенкало беа намерна лага.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
МАТЕЈ: Јас имам време да остарам. БОРИС: Ни мене никој не ме прашуваше.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Откако ќе заспијат децата Откако ќе заспијат децата, имаме време да се запознаеме подобро но премудри сме за да запаѓаме во неволји.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
- Како каков? - Како илегалец. - Скоевец? - Да. - Партиец? - Уште не. - Има време.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
АНДРЕЈА: Има време за умирачка.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Всушност, сите можни начини за комуницирање со неа му паднаа на ум во првите пет минути по прочитувањето на белешката; но сега, кога имаше време да размислува, тој ги разгледа еден по еден, како да поставува редица инструменти на маса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Има време – продолжуваше мајка ми – животот е пред тебе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Впрочем, секогаш ќе има време да се отвори една рестриктивна дискусија, затоа што авторот и понатаму не престанува многу сериозно да го коментира поголемиот дел од својата продукција.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Следната вечер Виктор беше дежурен, па имаше време подетално да го запознае драгиот пациент.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додуша човек има време за размислување, но и тоа не е бог знае како пријатно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ќе има време за славење.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знаеш, вештерке, не сум имал време да проверувам, но имам колеги до чие што мислење многу држам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ниту пак имав време да помислам на тоа кој е иако веднаш видов дека човекот што тоа утро влезе кај нас беше комита.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Без вас, ценети сопруги, тешко ќе си ја постигневме замислената цел...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Има време, стопанкаму, ќе стигнеме дома, море и свадба ќе направиме, и ќе се напиеме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас сè помалку имав време да му погледам в очи на тој живот, или можеби не сакав или, најверојатно, веќе и не знаев да го направам тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имаше време кога улогите на овие две држави беа обратни, т.е.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додека ептен не се стемнило редно е да се потроши уште некоја насмевка и да се направи уште една пируета во бескрајот на детството секако ќе има време да се забрише и правта од чевличките, малите бели чевлички па сите срамежливи погледи и палави мечтаења и сновиденија да се стуткаат како алишта во куферот има куфери што набабруваат од насмевки пред за последен пат да застанат на перонот на црната неизвесност тринаесетгодишната ханичка брадјова тринаесет пати се закашлува пред да се качи во возот кој има само последна станица ханичка тринаесет пати се сврте кон багремите кои од навика чекаат нова пролет за расцутување фрли поглед и на омиленото бело облаче на кое гулабицата неуморно павташе над седалото за недосмеани насмевки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Уште вечерта отидов да побарам опинци за утрото, а тие ми рекоа: До утре има време и ќе се снајдеме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бетер е. Ќе ти објаснам. Имаш време, нели?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Така тој имаше време дури и за чемпресот што удираше во прозорецот од собичката на струшкиот рибар.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пак шуќур не било доцна, има време.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во собата над дуќанот на г. Черингтон, кога имаа време да се најдат таму, Џулија и Винстон лежеа еден покрај друг врз креветот без чаршафи, под отворениот прозорец и голи поради горештината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаме време, па да продолжиме“, предложи Томе, „да завршиме уште со писмата од Крушево, Гостивар и Крива Паланка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Имаше времиња кога палмата гордо се одржуваше под картагинското небо, како зелена ѕвезда на денот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За тоа ќе има време, се тешев, но тоа време неповратно го загубив…
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Ама имаме време ќе го собереме материјалот до крајот на зимскиот распуст“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Самоизгнанство, но каде? Татко му имаше дом, библиотека, имаше време во топлите вечери да му ги толкува словата за животните, а сепак не издржа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Што? Како? - прашуваа. - Не знаеме, - премолчеа Денко и Бојан. Не сакаа да ги потресуваат родителите. Ќе имаат време да разберат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Авионите го носат до привременото „добредојде” на земјите што нема да ги разгледа, каде што има време само да работи во некој музеј, во соработка со сопругата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Куршум или парче од граната го погоди и што мислиш дека имаме време да ги закопуваме и да им пееме химни?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Возењето е тол­ку кратко што таа има време на светлината од уличните ламби да го про­чита само воведниот пасус, во кој пишува дека полицијата на државата Де­ла­ вер во предградието на Вилмингтон го уапсила четириесетдевет­го­дишниот сопственик на продавница за водовод и греење под сомневање дека тој е озлогласениот серијален „Изолирбанд силувач” од реонот Њукасл и летова­лиштето Деламарва.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во Атина од каде што доаѓаше владиката тој беше сведок на вистински драми врзани за прогоните над локалното еврејско население.  Митрополитот имаше време и расположение за сите присутни, но посебно внимание им обрати на посетителите во германски униформи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Таман. Имаш време. Знаеш што велат нашиве свети книги, сине?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Внатре ниту требаше, ниту имавме време да влеземе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А вие, ако погрешите, нема да имате време да се оправдате пред партијата зашто со направената грешка ќе бидете народни непријатели.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Па, факт е дека не брзавме, имавме време да пребараме насекаде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
БОРИС: Ќе го превоспитам. (Пауза) Има време да се почне од почеток. (Пауза) Да живееме заедно. (Пауза) Да го измениме животот од корен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но и покрај тоа тој му нареди на чиновникот да почека за да му покаже на пријателот, кој веќе одамна не бил во служба туку си живеел дома в село, колку време чиновниците чекаат во неговото претсобје.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И оште: Ние се обврзјавме самоволно да ги подржаваме и поткрепјавме со слово, сос дело, сос помоштна рака и заплата речените ни Костадин Блаже Дамчев, претседателја на општината, Јосиф Оносим Акинов, учител ни, Хаџи Ташку, свештеник ни, за това и за сичко горереченото потврждавме като се потписавме сос своја рака.“
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Малиот се сепна, само за миг, и притоа имаше време само колку да погледне во него нагоре, а после веќе не мислеше на тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Има време утре, се ќе и покажеш на баба“, ја успокојуваше мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но, имаше време, а имаше и место за да го стори тоа толку споро, и неговото движење да не се разликува ни малку по својата незабележливост од она споро движење на сенката околу дрвото во сончев ден. Така ги очекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Започнавме можеби преамбициозно, како да имаме време до вечноста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ем сѐ знаете, ем имате време уште да учите.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За тоа имав две причини: а) нацистот беше командант на подморница и знаеше нешто за навигацијата, во секој случај повеќе од останатите; б) во аналогија со војната, тој и навистина беше победник во тоа време.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Елмази имаше време со нас колку да се поздрави и да ни рече да го поздравиме Скопје, и толку. Брзаше на работното место.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бидејќи фронтот овде мируваше долго време, војската имаше време да го изора ридот со ровови, како по линијата на фронтот така и во правец на отстапниците и пристапниците што обезбедуваше максимално добро функционирање на војничкиот живот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Камилски толку многу инсистираше што Татко најпосле му рече, ако има време, да ја побара кај париските букинисти докторската дисертација објавена како книга на Нахум Вајсман, Јаничарите, објавена кај Либрери Дорин, во 1938 г. (Nahum Weissman, Les janissaires, Librairie de la Facult des Lettres, Paris, 1938). И само толку!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште е дете... има време...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- ОК. Дотогаш има време. Се слушаме и ќе бидеме во контакт. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сѐ уште имаат време. ... „Не.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Доста ми е од смрдеата што ми се наметнува... подобро ќе е да се вратам накај зградата... има време за попладневната смена... * * * Кога се отвори лифтот во него беше Теми: „Здраво, Влатко, како да сме се дозбореле!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Зеде поза, колку што се може, на спокоен човек што има време за другиот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Постојано мислев дека за с има време, но времето на животот си го црташе својот круг.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Има време. И тоа ќе биде.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во тој малодушен лажно утешен рефрен има време, има време, згаснуваше времето на мојата мајка, времето кога таа веруваше дека имаше уште малку живот за да ги спасува животите на своите чеда Нејзината улога во пропишаната мисија беше уште потешка кога го загуби Татко, кој умееше да биде невидлива, но ефикасна брана на нашите амбиции, посебно на моите Во тие мигови на вознес мислев дека ја пишувам пресудната телеграма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Погледни кога ќе имаш време во книгата од Владимир Панов „Шумското стопанство во минатиот век“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Траеја повеќе од часот, па имаше време за секакви игри.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но ако. Има време да се наигра со јагнињата, со овие ојагнетиве и со оние што можеби уште денес, или утре ќе се појават на белиот свет.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
XX. Постоја крај тезгавот и крај оној челичен слив на запците од бичкијата, додека под него бесно се плискаше, пенејќи се, водениот порој, удрен во челичниот прстен на турбината, само толку, колку што имаше време да плукне во своите две големи дланки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Си ја држи главата и си шепоти: - Дури бев млад, вели, мислев дека секогаш ќе има време за она што го немам. 231
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)