има (гл.) - извади (гл.)

Еднаш Земанек ми рече дека не може да дојде на кино со мене, иако јас имав извадено карти, и сакав да го изненадам, оти токму се даваше Големиот Гетсби, филм според неговата омилена книга.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Уља ми вели да појдеме кај Мисајлета Ковачот. Кај Прпушовци. Знам дека тој нешто се разбираше, на мнозина им имаше извадено заби шупливи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги имаше извадено очилата и токму ги местеше повторно врз носот со она негово карактеристично движење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Да, - рече милиционерот којшто ја имаше извадено капата и седеше крај масата, веројатно очекувајќи дека нешто ќе го послужиме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сосема бев заборавил на советите на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Секој со својата беља, така е во животот - рече Б.С. и дури тогаш сфатив дека ја имам извадено од џебот не заздравената рака.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)