има (гл.) - земе (гл.)

И така нашето духовно преродување и просветување кај нас, па и изработувањето на нашата писменост, поради географските и историските услови, има земено во првата илјадагодишнина по раѓањето Христово инаков од, а кај другите православни Словени инаков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Скулпторот, пак, го беше засенил блескотот од скулптурата во која, се чини, тој го пресели својот здив и своето постоење. Таа му ја имаше земено и сенката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ФРОСА: Многу ќе го поздравиш и од мене и од децата. Кажи му дека и нив ги имав земено да те испратат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Нејќев тоа да го правам... Сакав само да го потплашам и да се куртулисам од таа кучка, од таа аспидија, зашто откако ја имам земено, ниеден убав збор не ми има речено, туку ми фрла мунѕи и ми надава лоши имиња: Ушленко, Клепезе, Тололе, Шавре, Прде, Шапрдан, Ќепе...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Небески суштества ѝ доаѓале во сонот на мајка му и препорачувале од она што го имаат земено една третина да подарат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговиот сон не го посетувале небесните сили бидејќи бил Партиен!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се знаеше, татенцето го имаше земено на нишан и во овој случај ништо не можеше да му се приговори, проклет да бидам, сакаше да направи човек од Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За мене секогаш имаше земи и дај.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Макар што Татко, уште пред да се жени и пред да замине за Цариград, ги имал земено врз свои плеќи сите товари на семејството, сега, по смртта на својот татко, се соочил со сите други тежини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)