изјави (гл.) - жалба (имн.)

Второстепениот суд не може да ја преиначи пресудата на штета на странката која се жалела, доколку само таа изјавила жалба (чл. 362, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А слична, но пократка одредба, постоеше и во чл. 314 од ЗПП/98 којшто сè уште беше во сила во времето кога се одвиваше овој процес). A aко странката делумно успее во парницата, судот може – со оглед на постигнатиот успех – да определи секоја странка да ги поднесува своите трошоци или, пак, едната странка да и надомести на другата странка сразмерен дел од направените трошоци (чл. 148, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5.  Против пресуда донесена во прв степен странките можат да изјават жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на преписот на пресудата, ако во овој закон не е определен друг рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот суд, со [своја] пресуда, ќе ја преиначи првостепената пресуда, ако: 1) врз основа на расправа, утврдил поинаква фактичка состојба од онаа што е утврдена во првостепената пресуда; 2) првостепениот суд погрешно ги оценил исправите или посредно изведените докази, а одлуката на првостепениот суд е заснована исклучително врз тие докази; 3) првостепениот суд, од фактите што ги утврдил, извел неправилен заклучок за постоењето на други факти, а врз тие факти е заснована пресудата и 4) смета дека фактичката состојба во првостепената пресуда е правилно утврдена, но дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право (чл. 361, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако работодавачот времено ја пренесе врз основа на правна зделка [закуп, наем] целосната или дел од дејноста на друг работодавач, преминуваат работниците по престанувањето на важноста на правната зделка назад кон првиот работодавач или кон новиот работодавач – преземач на дејноста (чл. 68, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
72 Зефиќ против Затвор Скопје Спор за утврдување ништовност на прераспределба 1 Qui provocat nondum damnatus videtur Кој изјавил жалба – сѐ уште не се смета за осуден! (Ulp. – D. 48,19,2,2) Биљана Зефиќ од Скопје (сега 49-годишна) беше вработена со договор за работа на неопределено време во Казненопоправната установа „Затвор Скопје“ – правно лице од областа на јавното право, востановено со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот суд, со пресуда, ќе ја преиначи првостепената пресуда, ако смета дека фактичката состојба во првостепената пресуда е правилно утврдена, но дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право (чл. 361, ст.1, ал.4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот суд не може да ја преиначи пресудата на штета на странката која се жалела ако само таа изјавила жалба (чл. 362, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Против ова решение не беше дозволена посебна жалба, сѐ до септември 2010, кога се прецизираше дека против решението може да се изјави жалба, но дека таа не го задржува извршувањето на решението (чл. 93, ЗИДЗПП/септ.10). 5) давање можност жалбата против конечната пресуда да го нема вообичаеното т.н. „суспензивно дејство“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)