изусти (гл.) - тивко (прил.)

- „Троа пценицка...“ – ѝ се гаври тој в лице.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Страаотно! - изусти тивко. Пораките од командата на дивизијата се заканувачки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Годините што изминаа длабоко го врежаа во прстот на Крстовица прстенот што секогаш остана чист.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Аха, значи, кражба! – исцеди Кузе. – Ајде жено, тргнувај пред мене.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Бев горе, до стрништето... - изусти тивко Крстовица и го префрли торбичето во десната рака.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Шефот го прекори: Започни веќе еднаш со прашањата, нè чека голема работа, има многу кози во Козар маало. – Заедничката несреќа е помала несреќа! – изусти тивко мајка ми, повеќе за себе, но во тие мигови ние децата ја впивавме и самата тишина, па ги примавме и нејзините сигнали.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)