израсне (гл.) - во (предл.)

Веќе момите, и градските и тукашните, кога ќе дојдеше на сведен или во Света недела, за да се види со своите, се обѕрнуваа по него, веќе сама мајка му Илинка, загрижена, го потпрашуваше, оддалеку, дали нема некоја во градот, и каква е таа, кога тој, за чудење на сите, предвреме, доброволно, замина војска, морнарица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По, сепак, Атанас, тих и срамежлив, го изучи занаетот, израсна во вистински далјан.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше тоа по малку застрашувачко, како поигрување на младенчиња на тигар кои набргу ќе израснат во човекојадци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој се прашуваше нејасно колкумина се како неа во нејзината генерација - луѓе кои израснале во светот на Револуцијата, кои не знаат за ништо друго, кои ја прифаќаат Партијата како нешто непроменливо, како небото, кои не се бунтуваат против нејзината власт, туку едноставно ја одбегнуваат, како што зајакот го одбегнува кучето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Султановите војници како прво и главно одличје ја имаа лажицата, а и воените единици биле организирани како вид кујни, вишите офицери, биле именувани за чорбаџии, а секој одред располагал со свој казан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јаничарите израснати во и крај царската палата султанот ќе го сметаат и за нивен симболичен татко, кој ги храни и воспитува, ги подготвува да војуваат за него и царството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не определувајќи ги како конечни, им дозволуваш да израснат во дел од живата природа и слично на неа, неочекувано да се откриваат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Погледот кон Водно кое се уште не успева да израсне во планина.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Така робот Бошко, запленет негде над кумановско, во нејзините очи наеднаш ги изгуби сите маани ѝ стана дете што треба да се гали и да се израсне во љубов.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од нив сега наеднаш беше исчезнато сѐ друго, беше еден судбински миг кога беа само со овој човек пред себе и тоа беше едно такво чувство, цело, како јаболко, а беше и некаква измореност, која израснува во задоволство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А чувството за тоа дека рацете им се исти, тоа чувство за близината, се враќаше кај него со секој нов дојден човек, со секој нов чивт набракнати раце, сѐ додека тоа чувство во него не израсна во некакво чудно чувствување како да си е дома, со тие луѓе во сините валкани комбинезони.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таквото дете полека израснува во непоправлив лажач, а бидејќи лагата и лажговците лесно се препознаваат, тоа дете станува несреќен возрасен човек.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сите мали војни ќе израснат во една голема војна, војна со мракот која ќе биде добиена, со силината на умот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но Козар маало израсна во наша бела тврдина на животот крај големата камена тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оние кревки дрвца што денес ги окопувавте ќе израснат во чудесна шума - еден дел од шумското богатство на планетава Земја!“ дорече директорот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Ти ќерко, многу ја сакаш природата!“ „Ја сакам... Израснав во овој град - по земјотресот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тоа е како Suddenly Last Summer. Си го гледал? Кога момчињата се растргнати од малите Мексикански деца?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Па, Ривиера е како нив, диво дете.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Израснал во радиоактивна дупка, во која канибализмот е единствен начин да се преживее.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)