изненади (гл.) - и (сврз.)

Дури се изненади и се зачуди кога ја забележа мирната силуета на стражарот кој шета со одмерени чекори пред зградата на Банк Отоман.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ме изненади и се стаписав сред улица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Луција ја замисли приредбата на начин што мене многу ме изненади и ме повреди, повторно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но зашто тогаш не поминуваше никаков воз по железничка линија, кој би можел да биде бомбардиран, а не допираа ни шумови на моторни возила што се точкаа по Битолско Џаде, појавата на аеропланот силно ги изненади и ги возбуди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еден ден покрај пругата се појавија две крави и еден човек. Златко се изненади и се зачуди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Митко прво силно се изненади и за малку ќе ја испуштеше слушалката, а потоа кога малку се созема почна силно да вика, онака како што правеше мајка му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)