изненади (гл.) - кога (прил.)

Затоа се изненадија кога ја видоа Божана како се враќа од некаде со полна фута.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Многу се изненадив кога открив дека во одговорот на Раде отсуствува потсмевот, најсаканиот негов пристап.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Па затоа не се изненадив кога следниот ден ја најдов Билјана на истото место, крај прозорецот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Наоѓаше другарче од средно, комшија од маалата или братучед на баџанакот кој е високо поставен во партијата која има победено на изборите. – Алек, ич не се изненадив кога ми рече дека тој ќе биде директор на секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Уште да додадам дека воопшто не се изненадив кога забележав дека некоја туѓа мисла ми се прикрадува настојувајќи да ми се прикаже како моја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)