изненади (гл.) - со (предл.)

Не знам што е причина, та Билјана наеднаш да ме изненади со тоа необично прашање: - Тато, зошто некои луѓе ги сакаме повеќе, некои помалку, а некои не ги сакаме?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе ја негувам да закрепне, ќе ме засака и ќе ме изненади со цветот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На некоја, ете, устата ѝ станала блага, мека, чиниш ѝ тече мед, друга те изненадила со долг и светол поглед, мил, срцето да ти го стопли, чиниш над главата ти се отворило небото, виножито, те гали, о боже, трета пак срамежливо ведне глава кон земјата, се срамува, кротко, како јагне, гледаш ѝ се позашилиле градите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А вечерта, на срецелото, со главите на другите домаќинства, по долги меѓусебни разговори и откако врз основа на долгогодишни искуства ќе ги утврдеа временските прилики, сигурно дека и ова лето нема да ги изненади со невреме, ја прогласуваа жетвата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Понекогаш знаеше вкусно да изненади со прекрасен балкон од црно железо и свиткани лаци кој, како на високата куќа отспротива, го врамуваше небото во мрежен дезен.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)