изненади (гл.) - од (предл.)

- О! - се зачуди кога ѕирна внатре. Се изненади од чистотата на ластовичиниот стан, и од пријатната топлина.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Татко беше изненаден од расприкажаноста на Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски се изненади од овој настан, но сметајќи се апсолутно компетентен, како сорбонски докторанд од областа на воспитанието на детето, не сакаше пред Татко да го покаже своето чудење, но, сепак, со авторитетен глас на сеинформиран научник прокоментира: Јазикот останува најзначајната симболичка фигура на човековиот дух, но и најзагадочната творба на природата за разбирање на луѓето и народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше изненаден од ова неочекувано прашање на Камилски, па откако малку размисли, забавувајќи го чекорењето, рече: Тогаш човекот би останал без својата длабина!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Морам да признаам, уште повеќе се изненадив од приказната на Лима, дека го видела Полните Усни, другарот на Стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Или ве држи константно така што луѓето се изненадени од вашата издржливост, или вториот ефект е едноставно ништо, не може дури ни да ви се „дигне“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
20.00 Постои тенденција на чести ерекции за време на почетната фаза од пушењето, што ме потсеќа, кога сме веќе кај оваа тема: за сексот во однос на хероинот можам да кажам две работи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мече се изненади од таков пречек.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Колку години имаш? со отсутност на нељубопитен човек прашал Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Можеби триесет и шест, можеби триесет и седум, се изненадил од прашањето Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бреза почна да писка, но се изненади од прскањето и ја затвори устата вчудовидена. Ги затвори и очите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Еразмо првин се изненади од леснотијата со која старецот се одвои од својот дијамант, но веднаш потоа се прибра и рече: -Не, јас не сакам материјални богатства.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се разбира, се изненадил од посетата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не, деца, јас воопшто не се изненадив од тој одговор.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)