измори (гл.) - и (сврз.)

Но денот се издолжи, јас, берејќи дрва се изморив и прегладнев, а немав што да каснам.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ама сега многу сум изморен и гладен.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се изморија и најпосле молкнаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се сеќавам дека со учителката многу игравме, а кога се изморивме и седнавме да си јадеме, кога ја одвиткав крпата - моето јадење го видов сето здробено: јајцата, и домат, и лебот - Леле, си извикав и се расплакав...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И одел цел ден со овците, од рид на рид, од дол во дол, убаво се изморил и огладнел.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сакав да се изморам и да капнам и, кога дојде оној благ завој каде што се вртеше кон Лерна, се појави пред мене тој, Симон. Како од земја да излезе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Седнаа на буката. Огнен ја избриша потта и рече: - Се изморив и ожеднев...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)