излета (гл.) - надвор (прил.)

Гласот од Профима се претвори во крик, излета надвор, ја грабна секирата и се обиде со неа да ја замолчи Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И сега талкам по патиштата на веков кон незбиднатите дни а чувствувам од оковот на зборот се ослободува градината оставена бали од облаци врз плешките ми тежат под нив се движи градината и цути и се плоди прецутува и гние и постојано расте под грлово туркајќи го да излета надвор зборот на верноста болот на разделбата Како сенка што се менува а не гине ни в ноќта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
”, тој излета надвор, јурна низ дворот и гробиштата и фати некаде, избега.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но прозорчето никако не смеевме да го отвориме: на него имаше дегела черга што ја задржуваше светлината да не излета надвор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Томето скокна од столицата, го гушна татка си, ја бакна мајка си и со Тина излетаа надвор како фурии.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Убавиот Месечков зрак заигра по лицето на Славчо, а потоа меко му ги заклопи клепките и излета надвор во тивката летна ноќ...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Заѕвонија ѕвоната. Малите бројки со вкупните резултати излетаа надвор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)