излезе (гл.) - напред (прил.)

Штом Рифатчауш излезе напред на својот коњ, тргна караулот и тој падна од коњот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите полегнаа на земја и почнаа да стрелаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Народот молчеше. Секој во себе се прашаше што сака Арслан со ова да направи, иако сите знаеја што бара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде бакалум. Нека излезат напред и нека кажат: „Ние бевме и тоа и тоа сакаме“. Жими вера, ништо не правам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Или сете, или никого! — се слушна гласот од Стојана Мисирлијата, којшто толку години оди фарија да ги брка комитите и со тоа не мала услуга му направи на Арслана, а преку него и на самиот падишах.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие ќе се стаписаат лево и десно, останатите триста пушки ќе припукаат одозгора и бумбашите ќе го претрчаат обрачот, ќе се распрснат во стрелци зад грбот на потерата и ќе дадат оган со своите пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да истуриме една чета од стотина момчиња; некој од нас да излезат напред, со готови бумби за врлање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Попот ја слушна Арслановата наредба, но место да излезе напред, се заврте назад кон народот, бидејќи и така стоеше во првите редици, та ги поткрена рацете и очите кон небото и почна да брбори некои молитви, a потоа им се обрна на селаните: — Селани, браќа, не оставајте ме сам да ме к'ваат орлите!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден од професорите излегува напред и на турски јазик почнува да го држи фалбениот говор за султанот, за напредокот и за неговото долго здравје и живот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За да го поврати моралот кај бежињата, Сулејман Пеливан излезе напред и се спушти право на Гоцета.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Меѓу исклучените не беше Гоце Делчев, но тој не издржа, излезе напред од стројот и рече: - Тоа не е право!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце мирно го ислуша соопштението за исклучувањето, се сврте налевокруг и со светнато лице и радост го напушти јункерското училиште.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Овој излезе напред со сето достоинство на антички жарец, пред олтарот на боговите и ја прифати веќе запалената борина од еден гаваз.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По одморот и појадокот кадијата издаде наредба еден од сејмените, што го познава добро патот и месноста, да излезе напред, а на друг му го даде коњот да го води, бидејќи на надолништето не се јаваше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Некој од селаните излезе напред и почна да им вели и да ги моли дека тука посигурен ни е спасот и дека во Долно Дупени, Љубојно и Брајчино си имаме роднини и кај нив ќе си останеме додека помине лошото и потоа ќе си се вратиме дома. – Не! – рекоа нашите партизани и ги вперија цевките кон нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се промушнав низ луѓето не извинувајќи се и излегов напред.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Комесарот на бригадата излезе напред и почна да чита: ЗАПОВЕД Во вчерашната борба со фашистичкиот непријател во селото Мацково, под дожд куршуми, селанчето Трајче, нашето курирче, покажа херојска храброст.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)