излезе (гл.) - надвор (прил.)

Тики: Сосема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Финтата е во тоа што кожурецот за нив е убаво место за останување, па понекогаш не сакаат да излезат надвор и затоа си играат игри.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За таа прилика ја облекувам кратката розова бундичка а ла Лајза Минели и оние жолти сомотски панталони.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поминаа три месеци откако нејзиниот маж воопшто не мисли да го пречекори прагот на својата куќа и да излезе надвор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе им ѕирнеш во кожурецот и ќе видиш кој е во неволја, за да може да им Маргина 37 161 помогнеш на овие деца да се спуштат понежно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но штом 120 okno.mk ќе излезам надвор сите ме одмеруваат од глава до петици, се качувам во мојот мини морис и тогаш можам да чујам на десетици највулгарни пцости.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Даме го потпиша листот за „долгот“ од 500 лири и „трговецот“ излезе надвор од затворот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во Софија имаше доста учени Македонци, емигранти, печалбари и работници.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Ке го чувам сѐ додека не ги плати парите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Утре на дуќан, разбра ли? - рече Никола и излезе надвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Младата снаа излезе надвор, ги наполни стомните со вода и се врати назад.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Добро, тате! - одговори Гоце и излезе надвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дедо Петре ја зеде кутијата и ја наполни со жолт тутун, а снаата ја запали газиената ламба.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Павле излезе надвор, по скришниот канал да ги извести членовите на Месниот комитет за состанокот, а Гоце остана сам да размислува...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Смрт или слобода! - одговорија тие со вообичаениот комитски поздрав.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Разбирам господин началник! - одговори Гоце, се сврте налевокруг и излезе надвор...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таа ноќ, откога ги отчукав тие неколку букви, станав и излегов надвор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Штом излегов надвор почнав длабоко да дишам.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нив ги возат кога намераваат да излезат надвор од градот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога излегов надвор, над Париз веќе паѓаше мрак.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пискулиев си ги освежи знаењата со најголема сосредоточеност и дури после излезе надвор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да се откине, стана, се облече брзо и излезе надвор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мајка ми, шмркајќи со носот, излегува надвор. Ѝ се доближувам и поголтнувам: - Кога ќе се разболам, мамо?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Целиот ден го преседов дома. Се плашев да излезам надвор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— А бре, кои да сте — вечерва сте мои гости и јас не давам да излезете надвор дури не јадите еден залаг леб во моата куќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еве да се предадеме, но ќе треба уште овде да се договориме како ќе се браниме на судот; барем едниот да излезе надвор и да им објасни на војводата и раководителите дека не сме криви и како попаднавме во оваа клопка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Значи, кој ќе ја извлече подолгата, подолг му бил животот, а кој ќе ја извлече покусата — покус, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така на пример, во зенитот на чеченската војна, тој се појави на Црвениот Плоштад облечен како боксер, со две боксерски ракавици на рацете и извикуваше: „Јелцин! Не се криј! Излези надвор!“ Маргина 34 129
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога запревме пред самиот влез, кревајќи прав како да се вкопавме во земјата, сите слободни милиционери излегоа надвор да видат кој им дошол со таква кола: стар модел на „мерцедес”, како изваден од реквизитата на некој филмски или телевизиски фундус.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Заедно излегоа надвор. Ги пречека благо, јужовно време, со сиво, мирно небо и спокојна бела тишина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја затече малата Снежанка како лежи крај својата нова мајка, ја погали нежно, при што лицето му се позлати со насмевка, па излезе надвор, затворајќи ја убаво кошарата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се облече убаво, се завитка со шал, ја крена јаката на палтото и со пушката в рака, излезе надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На Стрела, која лежеше скраја, до неговото легло, ѝ даде мало парче сланина, колку да ја расположи, зашто со неа мислеше да излезе надвор, да појде до плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Момчињата зедоа по парче леб и сирење и излегоа надвор, а возрасните останаа да завршат со појадокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан го запрета убаво жарот, си го закопча палтото, ја крена јаката, зашто завивањето на ветрот во оџакот стануваше се посилно, што значеше дека надвор веќе не е пријатно за шетање, ја зеде секирата што беше закачена на еден клин во тремот и излезе надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога по десетина минути излезе надвор, тоа беше пак стариот, цврст Бојан, стегнат, готов да се носи со уште еден напорен, осаменички ден, готов да поднесе и повеќе отколку му дозволуваа неговите физички сили.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Претходната работна дозвола на странскиот работник ќе биде укината, додека пак новата работна дозвола ќе има рок на важност до истекот на важноста 65 Според Одлука У.бр. 230/2009 на Уставниот суд на РМ „со оспорената одредба се излегува надвор од односот казниво дело и судски изречената казна за неговиот сторител, на тој начин што со закон и надвор од евентуално изречена судска казна се определуваат и други последици за определени лица, со што се ограничуваат слободите и правата на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот на Република Македонија“. 72 на претходно издадената работна дозвола, а странецот дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран (чл. 2 од ЗИДЗВРС/ фев.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Се врати внатре да си ги земе очилата, зашто веќе беше стар и без очила слабо гледаше, па излезе надвор на светлост и ја прочита пораката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ФРОСА: Ама, вистина, што ќе беше бре, луѓе? Јас се разбудив околу полноќ и излегов надвор да видам кое време е, што ќе видиш: она небо ведро, месечина грее како ден, милина да ти е.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Утрото слушнав од моите: „Шатовската круша гори“. Излегов надвор.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Без да погледне во Боб и без да му рече збор, а исто така и на Даниел, таа стана и излезе надвор, со Даниел веднаш зад неа, како кога детектив апси некого на јавно место, без да им даде никаков знак на другите за тоа што се случува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но штом излезе надвор, почна да се тресе, не толку од страв колку од возбуда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секојдневното бричење беше навика што Милан не ја напушти и по пензионирањето, исто како што продолжи да се грижи за својата облека, иако понекогаш со денови не се осмелуваше да излезе надвор од бавчата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ох, не, тие немаат ништо против ако излеземе надвор. Никој нема да ни замери.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По една недела Милан ќе ги пушти пилињата да излезат надвор.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рози испи два филџана кафе со тост и џем и излезе надвор во градината да ја бара Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа излезе надвор и седна на фотелјата, што ја имаше поставено за Рози да се одмора.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За службениците ручекот можеби беше можност да излезат од канцеларијата, да излезат надвор за да дишат свеж воздух, да разменат шеги и озборувања додека седат на маса со други луѓе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Сегде на ова место. Она оди внатре визба, она излезе надвор како Тито.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По третата или по четвртата песна Даниел ѝ шепна на својата невеста, „Сакаш ли малку да излеземе надвор на свеж воздух.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Конечно, ѝ го предадоа; таа го отвори, го прочита и се вцрви толку што мислевме дека ќе падне во несвест; се сврте околу, погледна низ целиот клас, и мене ми се стори дека особено долго гледа во мене и Земанек; потем одеднаш побледе, стана, го стутка ливчето под блузата и побара од класниот да излезе надвор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И мислев дека ослободен сум, но не куртулив; заповед добив од Писмородецот, утре, кога библиотеката во семинаријата ќе биде отклучена, да влезам, и, кога Граматикот ќе излезе надвор, со црно мастило, мастило на злобата негова, да ги потурам ливчињата претсмртни на отец Мида.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И да. Така беше. Влегов внатре. А всушност, излегов надвор. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ливајн со жмиркање излезе надвор на светлиот и тежок воздух.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Еразмо излезе надвор од водата без да прозбори, мислејќи дека старецот самиот е светец: многу си вообразува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Утрото, ги отворија капаците и ни рекоа дека можеме да излеземе надвор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Татко ми веднаш стана, брзо се облече и излезе надвор.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А кога ја виде во фармата кај Полин и кога ѝ викна: мац, - таа низ истата дупка низ која влегла во кафезот, излезе надвор, а по неа и сите мачки до една излегоа надвор: почнаа да трчаат по мачката од питропот Танаско и се распрснаа по сето село.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ме дотепаа, ме фрлија повторно во очај; дојдов дома, ја отворив вратата и почнав да го молам Висара да стане од постела, да излезе надвор, да трча и шета колку може, да нема страв и да не се плаши од ништо зашто со Зенула е свршено; но неговата глава не се креваше од перницата, тргната беше да оди надолу, а неговото лице да венее и да гасне како скинат цвет....
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја следеше, но ништо не можеше да открие; и сè така до еден дождлив ден: тој ден тураше дожд како потоп да се приготвуваше; гледаше Цанул низ прозорецот во дождот и не се осмелуваше да излезе надвор да ја побара Цанулица: пушташе глава низ вратата и пак ја тргаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Киевјаните ги обожуваат расказите за Москва, но не му советувам на ниеден московјанин да раскажува било што.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зашто, штом само го пречекорите прагот и излезете надвор, тие во хор ќе ве прогласат за лажго. Заради вашата најчиста вистина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Не знам што ми е, вели Мирче, ќе излезам надвор и ќе ми се кренат панталоните.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш се сетив и на чавчињата мои. Ми падна жал и излегов надвор да се расплачам. 149
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па ќе излезам надвор, вели и ќе седнам на некој камен. И ќе седам, така, ќе се думам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега имаш понова, ова е стара и треба да се изгори. (излегува надвор од салонот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ја разбирав вознемиреноста на Ема која не можеше да си објасни на кој начин во домот на госпоѓа Мариела се нашол Практикумот за борба против трговија со луѓе и нелегалната миграција кој во официјалните документи е заведен под строго доверливо и, како материјал за интерна употреба, во никој случај не смее да излезе надвор од службените простории.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога излезе надвор, Акакиј Акакиевич се чувствуваше како да сонува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Лесна пот, како отровите сами да сакаат да излезат надвор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Барем не се плашев да погледнам во амбисот. (Критичната фаза на повлекувањето се јавува на некои 20-30 часа од последниот дим, со максимална снага од 36 до 72 часа.) Третиот ден 9.00 Врели бранови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Знам и за кучињата и за кравите, знам зошто вујна понекогаш ме мазни по глава, ми дава лепче со сиренце само за да излезам надвор од куќи; знам и колку го налутува тоа мое влечкање по скали добриот вујко, него место не го земаше чекајќи да излезам од куќи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И добитокот рикаше не можејќи да излезе надвор.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го испива кафето и излегува надвор.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Газда Таки и Христина излегоа надвор во дворот, да почекаат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Важно е, рече тој, да не излезете надвор мирисајќи на вино: лифтбоите забележуваат сѐ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Денес не излегоа надвор. И, се разбира...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Викав и со викање се разбудив. Видов како другарите од интернатот ме држат за раце за да не излезам надвор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го баци и Кала и излегоа надвор да се исплачат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кала ја зеде бубачката, ја стави на дланката како да сака да ја оживее, ја погледа тажно, како да си ја гледа душата на татка си и излезе надвор барајќи ѝ место каде да ја остави.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Трчаше по луѓето кога ќе излезеа надвор по работа или да купат нешто во дуќанот на Цветко и урликаше како дивина за да ги касне.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Една облачна ноќ Мил излезе надвор да ги разведри мислите, да земе чист воздух, да му олесни притисокот во главата. Шетајќи така, заврна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- рекоа луѓето. XXV Кога телеграмата стигна во интернатот со која му јавуваа на Богуле дека татко му е умрен, тој се наоѓаше во болница; неколку дена пред тоа го сонуваше оној ист сон: како вулканот пак избувнал, како го затрупува селото кое е празно и во кое само татко му е останат; скокаше од креветот и викаше по татка си да бега; викањето негово пак ги будеше неговите другари во спалната, го фаќаа и не му даваа да излегува надвор; му плиснуваа вода в лице и го разбудуваа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На друг час, во текот на предавањето, стана од клупата, си ги зеде книгите и тргна да излегува надвор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Богуле се загледуваше да го види детално секој цртеж, се вчудоневидуваше како се изработени, но мајка му му рече да излезе надвор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога дојдов следниот пат тој беше внатре и не сакаше да излезе надвор.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Многумина ми рекоа: “Зарем не мислиш дека чека ти да го повикаш да излезе надвор?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Доколку твојот соговорник излегува надвор од маргините на она што ти го замислуваш, се чувствува спремност во некое следно потпрашање да биде боцнат поради нарушување на твојот праконцепт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Та по неа се управува и самиот наш дедо поп Трајко, кој ете, утре ќе стане кај полноќ, ќе излезе надвор и ќе ги фрли очите право кон Српјановец да види дали е излезена Деницата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Не знам, внучко, — вели дедот Карабуклија, — ама петлите се пеани, еднаш или двапати, не ѝ стори дикат. Сега ќе излеза надвор на малата врата и ќе вида.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Богородица, која за миг ги отвори очите токму кога се свртуваа и излегоа надвор во бувтежите на ветрот и дождот, почувствува болка и срам од своите деца и деверот, проломоти Требаше пат да им се направи до огнот, зар не видовте дека џуркаше вода од нив!?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога во одајата им стана задушливо, ги зедоа чашите, авланката со вино што им ја донесе игуменот и излегоа надвор да пијат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Италијанецот или се налути, или му се слоши, стана, тргна кон вратата и при тоа ги забра чашите и чинијата од масата, ги бувна на под и излезе надвор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се разбира дека тој покажа интерес за случувањата во Сан Диего, но тоа само го увери дека доживувањата на младите љубовници со ништо посебно не излегува надвор од дури и предвидливиот шаблон така што му беше доволен фактот Едо и Су продолжија заеднички да живеат како што почна во собичката на механичарската работилница на Али во Сан Диего, но сега во станот на Су во улицата „Кинг“, во центарот на Торонто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За да го отепа некако времео, излезе надвор и, откако малку се загледа во несмасната нова верзија на театарската зграда на плоштадот и во недоумение дали да премине преку плоштадот и да тргне по главната улица кон Драгорот или да сврти в десно и да се упати кон Ленски мост, ги напика рацете во џебовите и сепак сврте в лево да оди по улицата право нагоре, во спротивен правец.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Утредента, пак се разбуди во истото време со тоа што денеска знаеше зошто, но немаше намера да излегува надвор од хотелот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да мижам значи сета слобода на гледањето да ја препуштам на моите прсти таму кајшто душата се сместува бесшумно, како во име и излегува надвор да допре и да ја допрат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Денот и ноќта кога се размеѓуваат, в бунило телата си ги возвраќаат: доказ е спермата плисната на пол-небо, на пол-земја (разбудете се, возбудете се утре кон 4 часот излезете надвор на отворено и погледнете!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Хм, - пристори Коте изнервирано. - Што знам каде ја ставило жеништето, рече и излезе надвор.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Трајче излезе надвор, а Тале му го намести на коњчето самарчето и праша: - Како се вика татко ти?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога ќе излеземе надвор, брзо јави му на Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче и мајка му на Талета излегоа надвор, а Тале го зеде самарчето од коњчето и сосе него влезе во одајчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се изми, поруча и излезе надвор.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче седна. Бабата му даде да руча зелниче, а чичко Тале зеде игла и конец и излезе надвор.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мајка му го зеде торбичето, кладе внатре едно парче пченкарен леб, неколку зелени пиперки, една главица праз, излезе надвор и му рече: - Еве ти го торбичето!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче излезе надвор и донесе суви трски.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Попладнето Џорџ Смит излезе надвор и појде кон океанот што се брануваше со широките упадни движења на час топлите, час студени луѓе, кои при крајот, со залезот на сонцето, со телата обоени како ракови, печени гулаби и гвинејски кокошки, тргнаа тетеравејќи се кон нивните хотели во облик на свадбени торти.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Местото ни е наше од дедовци и прадедовци и наше да остане. И си отиде.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како што велеа мажите што биле таму, даскалот онака горделив, излегол надвор и почнал да му се дере на стопанот: - Како, бре керата, незнамитис ниеден, ти му дозволуваш на син ти да го зборува тој гнасен и варварски словенски јазик?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А нас не опљачкаа до игла, - дофрли една од жените.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Чевлите му се искинати и стапалата му излегле надвор...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Секој ден и јас трчам зад камионите, ги прашувам ранетите деца и чупи да не слушнаа за Ристо мој... чекам книга од него, ама нема...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сигурен дека кучето не може да излезе надвор, Бошко го фати клепалото на вратничето и затропа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја викна да излезе надвор.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Потоа сите излегоа надвор, па почнаа да пеат и да играат, а кога одново требаше да седнат на своите малечки столчиња во собата, Зоки пак си седна врз својата масичка. Ова на Зоки многу му се допадна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мајка ми, шмркајќи излегува надвор.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И навистина, дури седел во водата ништо не му било, но кога излегол надвор веѓите му заврзнале, бегајќи дома личел на стаклен човек.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Перса појде до кујната по чинијата на Мурџо и откако ја накити со многу повеќе манџа отколку другите пати, излезе надвор само за да не се расплаче пред малечката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Тетка ти Олга минатата година веќе по втор пат е прогласувана за жена со најчиста куќа во градот како учесничка на големиот градски натпревар по чистота.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Овојпат ми беше уште потешко да ги закопчам панталоните: при напорот да ги приближам копчето и дупчето во кое тоа требаше да влезе, чувствував огромна болка во стомакот, па така си ги покрив панталоните со маицата и недозапетлан, излегов надвор.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Да излезам надвор е глупаво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Месо за ручек
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога излеговме надвор, полицајците веќе го изведуваа од дворот, го тераа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Британците биле опседнати со стравот македонското национално прашање "да не излезе надвор од контролата, што би можело да доведе до цоупс д’етат и до меѓусебни судири".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поради неможноста да се добијат информации од прва рака, Владата на Неговото Височество не можела да заземе став во однос на настаните во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со лебот и со парчето конзервирано месо в раце излезе надвор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Циљка широко отвора очи и се загледува во јагленчето што мижурка во спузата, Полека се подигна и, шлапајќи во насобраната вода на дното од земјанката, излезе надвор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој стана, се протегна, го размрда телото и излезе надвор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Утредента, на зајдисонце, Ѓорѓи нарами торба во која Киревица му стави два пешника леб, сирење и неколку глави кромид и излезе надвор од селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така и сега, којзнае колку време откако бате Јоле излезе надвор, Ѕвезда беше се загледала низ прозорецот и одеднаш, како да ја фркна нешто туку извика некако сама за себе: - Талеле, што е она?! - рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога кренавме врева, татко ми потскокна од местото да нѐ тепа, ама како секогаш, тука се јави дедо: - Полека- рече тој. – Слушајте ваму вие бесници низаедни, па ваше нека биде, ама прво ќе излезете надвор, ќе се фатите за џерот среде гумното и додека не изброите секој до триесет, назад да не се враќате! Добро?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така тој ден Даскалот почна со сметање и бате Јоле стана од местото и си излезе надвор.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Величе тивко ме внесе во нејзината соба и ми соопшти дека не ќе може да излезе надвор цела недела.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас ноќе се плашам до бањата самоа да отидам, а камоли да излезам надвор, на полноќ.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Се вратив од училиште и еве, само што не сум излегол надвор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
КАКО СЕ СПАСИВ ОД АЛИГАТОРОТ Признавам, на нашиот роман заборавив уште истото попладне, штом излегов надвор со другарите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ако можеш да го трпиш, никој не ти го брани, повели.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се стресов целата и излегов надвор.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се смурти Мехмед-паша и ја крена раката кон развревените присутни: „Чик'н дишери! Излезете надвор!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А во Лондон, потоа, кажи што сè не доживеавме ние заедно?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Балконот сè уште не е доправен, па така, од вратата директно се излегува надвор, кон слободната празнина што зјае одоздола.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам како не разбираат дека мене ми е многу здодевно да талкам по околината и дека мразам да ме убедуваат да појдам со нив кога тргнуваат на прошетки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А колку силно биев и се плашев да не „излезам надвор од тебе” оној ден кога од радост ти се израсплака, гледајќи се на првото место на списокот од тестовите за приемен?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Немаше месечина и затоа јасно можев да ги гледам и препознавам многубројните соѕвездија, сосе Млечниот Пат и уште милијарди, билион и недобројни ѕвезди што мижуркаа, блескаа, се палеа и гасеа над мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По состанокот излегов надвор. Од Снеже и од Мила ни трага ни глас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А и Марија ми се немаше јавено денес. Ги побарав по домофон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да се излезе надвор, пред зграда, е сè уште топло и во тоа време на улица нема ни едно дете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Секогаш ми е криво кога без мене тоа ќе се случи и кога ќе ми речат: „е па, Бреза, животните не доаѓаат во соба, треба малку да се излезе надвор од куќата и да се прошета”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми и татко ми спијат, брат ми чита во својата соба, а јас се досадувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Облеков длабоки и топли чизми, влегов во мојата омилена зимска дебела јакна полнета со пердуви и излегов надвор.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се изнамачи додека излезе надвор.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Малчо реши да излезе надвор, во градината и да си скине некоја праска, зашто не можеше да си легне гладен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)