излезе (гл.) - заедно (прил.)

Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се наложија преку ноќ со толчени коприви, кромид и сол и утрото, уште рано, аазите заредија од куќа — на куќа, да ги собираат парите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе пукат на секого кој сакат да излезит — беа последните зборови на Арслана, а Трајко си излезе заедно со заптијата Ибраима, на кого мудурот му нареди да ги пушти затворниците од авурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, тој се занесува малку повеќе отколку што треба. Мисли дека ако двапати сме излегле заедно, веќе сум му девојка...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Изрипа патникот, влезе во анот и за минута две излезе заедно со самиот анџија Мита и со брзи чекори двајцата тргнаа кон саатот; за час се најдоа пред двата конака на свети Димитрија — грчко маало, каде на едниот пишуваше: „Рускии конзулат“ а на другиот: „Consulato de L'ltalia".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гавазот на портата ги задржа, но Мито му тутна во раката една бела меџудија и овој, како стар и чест посетител, ги пушти, та веднаш се најдоа пред вратата на конзулот Ростовски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си запали и тој свеќа на сите три светилника, се прекрсти по христијански обичај и излезе заедно со старците, та поддена разговор пред црквата, прашајќи ги отворено што мислат за опсадата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
РЕВШИН: Го видов: во дванаесет без дваесет минути тој излезе заедно со Аршински.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)