излезе (гл.) - горе (прил.)

Ниа Мусинските, Остречките, Канатларските качаци, нема пазар да не излезат горе по Слива и да не и оплачкаат нашите пазарџии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе нарача Стеван да ги носи парите на Маргара, но тој не излезе горе, ами седна уште тука, близу во камењето, во долот, и кога виде дека Стеван не води потера, му излезе и го симна од коњот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јован ги фрли казмата и лопатата во дупката и излезе горе да си ја облече кошулата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пред свечерување, може имаше едно два остени за да зајде сонцето зад планината, излеговме горе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќе ги провенчаат и сите ќе излезат горе сосе невеста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Излегоа горе на полјанката. Беше тивка ведра ноќ.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Таа треба да му однесе облека да се преоблече зашто тој не може да излезе горе на рудината над езерото во работничката облека во која е облечен, целата замастена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И сетна поела морето, езерата, реките и изватоа рибите, Пак рече и излегоа горе на земјата сфите дрва.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)