излезе (гл.) - веднаш (прил.)

Алекса не се изненади, а Петко излезе веднаш по Бајракот и Ѓура та и тој назорум тргна по последниов на пет шеесет чекори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Јас су ви паша, јас су ви валија, јас су ви султан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Малку Турците нѐ глодаа и ќе нѐ глодаат, сега па и од него беља, — се жалеа селаните по селата каде зашета Толе слободно, бидејќи аскерот и заптиите од Витолиште не се решаваа да излезат веднаш по нападот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За да не предизвикаат некакво сомнение, ниту Бајракот, ниту Ѓро се обѕрна назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можеби е подобро да си излезат веднаш и да останат со надежта дека двата цртежа се поставени на онаа парче од ѕидот што тие не знам зошто не го погледаа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пред самиот излез таа се запира подолго како да посматра еден цртеж, а всушност ја задржува чувството на бојазан да не се рече дека избегала ако излезе веднаш.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На отворениот прозорец стоеше татко ми. Излегов веднаш.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Срипа низ него, но не излезе веднаш од другата страна, зошто беше високо над човечки бој, туку легна врз ѕидот преполовен на средина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Лиле излезе веднаш по неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Почекај ме. Ќе излезам веднаш. Сакам нешто да ги кажам. И отиде.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)