излезе (гл.) - под (предл.)

Надвор пак пред вратата оној простор на дворот, од под балкончето натаму, беше така осветлен што доколку човек би стапнал таму, би имал чувство на артист кој излегува под рефлектор на сцена.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Затоа него го направиа сега „попче“ — додаде Толето и си излезе под тремот да ѝ нацепи дрва на мајка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го погоди куршум преку носната 'рскавица и му излезе под десната веѓа, та можеше со левото око да ја види својата зеница од десното.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му врвел куршумот и му забиоѓал и срце и џигери и сплинка и бубрези. Сите дробови му ги забидел и му излегол под плешката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бахтијар ја осети сериозната положба и нареди можеби десетти јуриш, а порача и појачање од Маково каде еден бимбашија остана со илјада души аскер. Не малку се испрепали аскерот од западната страна на чуката и не малку се изненади Бехтијар кога околу пладнина почнаа од наспоред, од исто така високата чука „Гарван“, да грмат в грб на аскерот десетина манлихери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)