издржи (гл.) - додека (сврз.)

Морам да издржам додека болката стане неподнослива.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Аскерот се стаписа надолу и сега немаше опасност од врзувањето на обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Жената молчеше, беше згрчена во износен капут и тешко се држеше на нозе - беше болна или пијана, а тој ја гледаше, нејзе и офицерот, борејќи се за малку сила за да издржи додека тие не се оддалечат, за да продолжи кон осветлениот прозорец на крај на улицата, за да - за да живеам, мислеше и слушаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
— Брак, бре будали, бре, брак! Што загтањате како биволи на угорништето, — им викаше Пере на аскерите, фрлајќи бомби и куражејќи ги своите четници да издржат додека фати мракот за да се извлечкаат од обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)