издолжува (гл.) - го (зам.)

Излезе неколку чекора напред, застана со подрасчекорени нозе, ја крена главата издолжувајќи го вратот и бидејќи снизок, малечок, изгледа како петел на буниште.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Стои мирно Карамба-Барамба, а сенката им се криви на луѓето издолжувајќи го со прсти сопствениот нос; чекори Карамба-Барамба, а сенката пијано се ниша зад него - нашла негде ракија и се опијанила!
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
И ќе викне да ја соопшти пресната новина, издолжувајќи го својот врат и последниот слог од кажаното: — Денеска на атпазар загубена е една црна бреза, куса магарица со мало машко прлеееее!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)