издаде (гл.) - дека (сврз.)

Илчо со прекор, скришум погледна кон татко си, но не издаде дека тој го посоветувал.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Горда дојде до тарабите што ѝ беа до градите, виде едно дете клекнато до босите нозе на жената и ја турна портата, којашто со цивкање се издаде дека се отворила.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го убија псетата, ама некој наветник од турците од село Турско Рудари го беше издал дека тука се крие!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога утредента отидов на училиште, се обидував пред Марина да не се издадам дека знам за нејзината тажна тајна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)