издаде (гл.) - свој (прид.)

Во времето кога таа му дојде до раце, Океанија не беше повеќе во војна со Евразија и тројцата мртви мажи мора да ја издале својата земја пред агентите на Истазија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не сакаше да се збуни, да ја издаде својата изненаденост, да биде уловен и од брат му, како што беше уловен од себе си во тоа ситно, мало, безначајно откритие. „Навистина, глупаво е да се сметам за зрнце песок, за отпор на твоите води.“ Неоскрнавената белина на новата превивка на неговата рака неодоливо го привлече погледот на брат му.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Брат му не ја издаде својата нестрпливост; печатите на неговото лице останаа исти и со иста боја. „Крвните врски не се никаква квалификација. Ни потсмевањето.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во 2011 година, Лејди Гага издаде своја геј-химна, „Ваква родена“ („Born this Way“), која ја изведе на наградите „Греми“ и на Сатрдеј најт лајв, а која ја избра за насловна песна на својот втор студиски албум.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)