издава (гл.) - нов (прид.)

Тој воопшто не го спомнува, односно целосно го укина правото на работниците на учество во управувањето и во акционерските друштва и во претпријатијата во државна сопственост (чл. 249 и 530, ЗТД/02); укинати беа и бесплатните акции или акци- ите по повластена цена за вработените (чл. 233, ЗТД/96), правото на првенствено купување акции од страна на вработените при условно зголемување на основната главнина (чл. 395, ЗТД/96), како и правото на вработените да им се издаваат нови акции врз основа на влогови во друштвото (чл. 402, ЗТД/96).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повторно фигурира, во непроменет облик во однос на 1996 година, можноста да се формираат резерви за пензија, осигурување од ризик или добротворни цели на вработените (чл. 486, ЗТД/04), но правото на првенствено купување акции од страна на вработените при условно зголемување на основната главнина е трансформирано во право на акции (чл. 434, ЗТД/04), а правото на вработените да им се издаваат нови акции врз основа на влогови во друштвото го нема во Законот од 2004 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Укината е и можноста вработените да се стекнат со акции бесплатно или по повластена цена, правото на првенствено купување акции од страна на вработените при условно зголемување на основната главнина, како и правото на вработените да им се издаваат нови акции врз основа на влогови во друштвото.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)