издава (гл.) - наредба (имн.)

А што е тој, кој ја произвел, тој, кој ја пакува, тој кој ја чува добро подмачкана, тој кој издава наредби?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Министерот на дворецот, Хаман, издава наредба да се погубат сите Евреи во Персија, зашто не им се поклонуваат на персиските богови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но нервните врски на батката беа блокирани, инфилтрирани и атрофирани, така што мозокот не можеше повеќе да издава наредби.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Смит, јас тука ги издавам наредбите!“ „Да, капетане.“ „Еј, вие таму од патролата! Дали гледате нешто?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во таа намера го оневожмозуваат кралицата Естер, Еврејка по потекло, и нејзиниот стрико Мордехај.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Захаријадис и Маркос издаваат наредба да одам во Бугарија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Умееше, велат, да ја изведе својата “музика” горе-доле по полниот орган, погодувајќи точно во најосетливите ерогени зони кои, секако, кај секого се различни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)