изгуби (гл.) - некаде (прил.)

Немаше сомневање, жителите на Потковицата веднаш се согласија, тоа беше Владимир Акиноски, а момата со него Јаника Перуноска, што минатото лето, во времето кога беше извршен злосторот се изгуби некаде без трага да остави од себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Навистна, тој и понатаму, со ајдучки песни и со галатење на Турците, секоја ноќ се јавуваше од различни места на Потковицата; сопрво од полето, потоа од гората, па од сртовите за најпосле, кога навистина стигнаа студовите, сосема да се изгуби некаде за неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Внатре ја чекаше еден човек.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Под тешкиот товар, таа ја мина долгата улица, скршна во неколку мали улици и се изгуби некаде во десниот дел на Скопје.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А палавиот зрак потскокна, ги мирисна уште еднаш белите трендафили и се изгуби некаде меѓу џбунчињата од рибизли.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И им се чинеше дека секаде околу е плопот од војници, а многу да се оддалечат не смееја за да не се изгубат некаде.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дното оди понатаму, до центарот на земјата, рајот и пеколот на земјата, веќе е само пекол, рајот се изгуби некаде.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
На душата му олекна, срцето му заигра од радост и со лесни чекори се изгуби некаде во мракот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- одговори Горјан и се изгуби некаде во темнината.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тоа траеше неколку минути и „смртоносната тројка“ се крена во небесната висина и неоштетена се изгуби некаде во ширниот небесен простор.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сенки на некои луѓе се исправија на местото од каде што дојде пукотот и бесшумно се изгубија некаде натаму.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А Луман тој ден се изгуби некаде во планината, но не за секогаш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)