изгуби (гл.) - свој (прид.)

Со источното ВРЕМЕ заштитено во МИНАТОТО и Западното време запрено во СЕГАШНОСТА, МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ го изгуби својот движечки елемент - ИДНИНАТА.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Го забарикадирале морето од градот, плажата од градот, но за да не се распаѓаат, луѓето на нив засадиле дрвја, така што полека ќе го изгубат својот изглед на дуни.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А тоа сиротото плачело и мака му било што така лекомислено си го изгубило своето убаво опавче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ние живееме во култура каде сеќавањето, нарацијата, романтичните приказни и надежта за промени сѐ уште функционираат и каде што една егзистенцијалистичка врзаност за едно одредено место сѐ уште не го изгубила своето значење. 22 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По нејзиното доаѓање дел од основните методи на дотогашната работа, што се потпираа на долгогодишното искуство, или го изгубија своето значење, или бараа неодложно прилагодување на непредвидливите ситуации, но многу позбунувачки беше тоа што се случи со началникот Круме Волнаровски: јас станував сѐ повеќе несигурен и неспокоен, затворен и оттуѓен, лош кон другите и кон себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не можеше ни да си замисли да го изгуби својот зимски пријател.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Снежните наноси биле толку длабоки што ги затрупале клисурите и тогаш планините ги изгубиле своите вообичаени форми.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Звукот од песната на славејчето се најде потопена од нечистотијата на развласениот облак и ја изгуби својата јасност и милозвучност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но за децата од градот, иако полегнаа и почнаа да ја чешлаат тревата и да ги кинат крупните румени јаготки, овие шумски плодови веќе ја изгубија својата важност и привлечност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
34 Според Одлука У.бр. 62/2013 на Уставниот суд на РМ „член 213-в ја изгубил својата функција односно станал неприменлив, од кои причини се повредува начелото на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Меѓутоа, експертите сметале дека "српските етнички и историски барања во Македонија, иако жестоко поддржувани, се слаби.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Единствено ако во случај Југославија и Бугарија политички би се обединиле или ако врз основа на најпријателски односи таа основна пречка за југословенското поседување на Солун ја изгуби својата важност, и тогаш југословенските политичари треба да размислат дали ќе биде исплатливо да се добие Солун на сметка на грчкото и исто така на турското непријателство".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Решија, штом биде можно, да отпатуваат во Москва и да се лекуваат во „центарот“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вадим почна да наликува повеќе на шумски дух отколку на научник, и најмногу се плашеше да не ги изгуби своите математички способности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Благодарејќи им на карипските обивачи го изгубив својот дневник на некакви пост-марокански патувања и подоцна го пронајдов, од сите неверојатни места, на дното на џакузито крај плажата, но и тоа е приказна која треба да се бара во некој друг некогаш одамна, а не во овој; исто како и приказната за губењето на мојата омилена капа, една баскиска беретка, во застрашувачкиот Тахо де Ронда во Андалузија, и за нејзиното подоцнежно неверојатно враќање. 72 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Уметноста ја изгуби својата оправданост и ова само ја потврдува промашеноста на целокупниот уметнички проект на 20 век.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во една прилика, на мојата сопруга Гзиме, со тон на доверлива добрина рече, да ја чува секогаш жива нејзината насмевка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веруваше дека беше минато времето на борбените операции откако во Тунис на 15 април 1988 година го изгуби својот прв компањон во борбата Абу Џихад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да знаеше за нашата, интимна трагедија, најголемата загуба која може да ја има човек во животот, да го изгуби своето чедо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Денот го минуваше во пеколно работно темпо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Да му се одземе на еден народ човекот кого го слави како најголем меѓу своите синови – не е нешто што човек радо и лесно ќе направи, особено кога и самиот му припаѓа на тој народ”; така почнуваше „Мојсеј и монотеизмот“, и со таа реченица брат ми ја имаше кажано целта на тоа свое дело: да го одземе Мојсеј од својот народ, да докаже дека Мојсеј не е Евреин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секогаш потоа кога ќе се сетев на разделбата и на раскрварениот прст на брат ми, помислував на неговото дело “Мојсеј и монотеизмот”, кое во ракопис пред заминувањето ни го остави нам, на своите сестри, веројатно плашејќи се да не го изгуби својот примерок од ракописот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Денес, кога луѓето ја изгубија својата сенка, итна е потребата да се биде следен од некого, денес кога секој ги покрива своите сопствени траги, итна е потребата некој да ви навлезе во трагата, дури и ако со тоа ја брише и прави вие да исчезнете; тоа е конспиративен начин на исчезнување, тука се игра некој симболичен облик на обврска, еден таинствен облик на врзување и разврзување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Домот се промени во димензијата но не го изгуби својот магнетизам...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)