изгуби (гл.) - зад (предл.)

Набргу потоа автобусот се изгуби зад нивјето со пченки, а токму таму започнуваше автопатот што водеше кон Метрополата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се помачи додека излезе на патчето, за што сувите износени опинци ѝ се лизгаа по чипецот, но потоа бргу се изгуби зад ридот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ме одмери со студен поглед од кое морници ми полазија по грбот и се изгуби зад тезгето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ние гледаме по него. Сѐ дури не се изгуби зад меѓите, дури не се испразни патот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)