изгуби (гл.) - трпение (имн.)

Штом ќе изгубев трпение, ако за нешто ми досаѓаше, веднаш ќе се сетев колку и таа е осамена, без мама и сѐ ќе ѝ простев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На селаните имаше почнато да им дојадува неговото преомјадисување, но Брчалото не дозволи тие сосема да изгубат трпение.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога ќе изгубеше трпение, по скалите се качуваше до чардачето за да го почека таму својот стопан во колак свиткан пред вратата од варосаното одајче.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Едниот од нив толку изгуби трпение што зачекори пообрзо, го фати Шишмана за рамето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)