изгуби (гл.) - смисла (имн.)

Сѐ се случуваше на двата брега на Езерото поделени со граница, која со текот на времето требаше да ја изгуби смислата во обединета Европа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Геометријата на мојот егзил беше многу поедноставна, поразбирлива и поприфатлива.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Токму затоа, решил да тргне во будење на сетилата. (Всушност, јас дури денес дознав дека ја изгубил смислата за рамнотежа, и дека боледувал од Мениеров синдром; мислам дека еднаш ми има речено дека цената на сознанието е да ја изгубиш рамнотежата).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И кога ја изгуби смислата за време и простор, тој се тргна од сонот, извидницата на белата смрт и зајачи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Лежевме така неопределено долго под дрвото; мислам дека веќе и времето изгуби смисла, оти ние говоревме работи што не се сврзани со времето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И кога ја изгуби смислата за време и простор, тој се тргна од сонот, извидницата на белата смрт и заечи. Наеднаш: - Богдане! Ги отвори очите во исчекување.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)