изгуби (гл.) - рамнотежа (имн.)

Не можеше да издржи. Изгуби рамнотежа и падна преку мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога ќе завладее несреденост во намерите не треба да се надеваме на сериозна помош од страна на мислата зашто често се случува желбата да изгуби рамнотежа токму на тие неусогласености.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еднаш и Даскалов ме предупреди дека размислите можат да нѐ доведат на лизгава патека.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Токму затоа, решил да тргне во будење на сетилата. (Всушност, јас дури денес дознав дека ја изгубил смислата за рамнотежа, и дека боледувал од Мениеров синдром; мислам дека еднаш ми има речено дека цената на сознанието е да ја изгубиш рамнотежата).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но само што направи чекор - два, изгуби рамнотежа: како ќутук тресна на подот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)