изгуби (гл.) - надеж (имн.)

Србија се замеша во Македонија откако изгуби надеж да си ја присоедини Босна и Херцеговина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Изгубив надеж дека некој ќе се сети да ме врати на Универзитетот, во мојата иницијална педагошка професија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но не изгубив надеж додека со мене беа верните книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не можеме да изгубиме надеж во човечноста, бидејќи самите сме човечки суштества. Albert Einstain 6. CODA (завршен збор) Психологијата и AI треба да се пријатели.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Не знам во кој век и ден, во кожата на некој друг, сме ја доживелае или сме ја слушале прикаската за ковчегот на ветропирестиот Демофонт што му го подарила жена му на Филида да го отвори по една година од неговото одење на Кипар: кога ќе ја изгубиш надежта дека ќе ми се вратиш, ѕирни во него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Изгубив надеж дека ќе ве најдеме“, рече столбот; се сврте кон богословот: „Остави нѐ насамо.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Оваа состојба на Марија траеше три и половина години. Сите скоро изгубија надеж. И мајка ѝ. И сестрите. И Елена. Само не лекарот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се обидуваше, и во овие најневозможни услови, да не ја изгуби надежта.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, бидејќи изгубил надеж дека со личен труд ќе се здобие со наследник, можеби ѝ дал некаков знак на жена си да се потруди да му помогне.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби и лично ја посоветувал да се послужи со помошта на некој друг.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)