изгуби (гл.) - живот (имн.)

И јас сега, навистина, не можам да сфатам што е тоа толку страшно ако се изгуби животот од Атила?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Учествувале и во бугарското Априлско востание, во Руско-турската војна од 1887-та, кога и биле одликувани од бугарското кнежество за покажаното геројство, во македонското Кресненско востание 1878-та, кога по задушувањето на востанието, одново се вратиле во Бугарија за да ги изгубат животите во 1885 година во односната Српско-бугарска војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И токму како таков, како клисар стрико Анѓел Јанчески, син на Јанчета синот Тодоров син на Никола Јанчески и брат на Јанчета Николов Јанчески, вчера, на прв ден Водици, на Алилово го изгуби животот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зарем стрико Анѓел нивни не го изгуби животот на свето место, на Алилово, и тоа токму на прв ден Водици и борејќи се за светата наша славјанска црква.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сам бог одредил да биде така, на Водици татко да го изгуби животот, скрушено ги прекорува Никола браќата и свртувајќи се спрема Максима Акиноски, зашто е домаќин седи од левата Максимова страна, вели: Да сака со нас во Прилеп да дојде и Тахир бег па и тој заедно со нас да бара од властите да го накажат Хаџи Ташку за злоделото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И јас сега сето ова ви го кажувам вам, зашто веќе само вие останавте и нема други на кои да го раскажувам сето ова.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)