изгради (гл.) - нов (прид.)

Во шестогодишниот план (1970-1976)треба да се изградат, во сите пет града, 135.000 станови, да се населат 584.000 жители, да се отворат 175.000 нови работни места, да се изгради нова индустриска зона на простор од 1.790 хектари, како и да се изградат 175 км. патишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа и правеше огромни душевни и фзички напори да си изгради нов начин на живеење, да отвори пат за она волното во него, за она што беше тој самиот: - да се ослободи од напластените во него брачни обѕири, стеги, навики...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се изградиле нови келии за испосници кои тука го проведувале испосничкиот живот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Тој човек“, реков јас, „им дал на маказарчани црква, иако сета работа околу црквата не ја финансирал тој, им ставил крст на неа, не еден, можеби два, им обезбедил камбана, учител за црковното училиште, им ископал бунар, а им го поправил и мостот каде што се денес продавниците на Маказар и кој и сега има потреба да биде поправен или да се изгради нов.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогај, беше 1858, се зазедов да се изгради нова црква, да се исправи камбанарија со камбана и што е најважно, во црквата се отвори и училиште и подоцна јас го донесов нашиов учител Димитрија да ги учи децата на народен јазик.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дали сепак гледаш можност некако одоздола да се изгради нов дискурс?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ќе оздравиш. Па ќе изградиме нов манастир.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се зборуваше дека противниците на идеалите на кои требаше да биде изградена новата Германија, ги носат во логори, и ги принудуваат на тешка физичка работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потребно е да се изградат нови, здрави.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)