изгради (гл.) - град (имн.)

Во совршенството на осаменоста сите сме способни да изградиме градови во длабочините на водите, ангели на харфи кои се појавуваат во темницата, свет на хармонија и задоволство, далеку од глупоста и хаосот на секојдневието, од колективната хистерија и движењето низ толпата која ме загушува, каде што освен просторот и времето нема никаква емоционална поврзаност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но ако премногу се навикнеме на конформистичката зона на самотијата деновите на осаменоста неподносливо бавно ќе одминуваат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)