изгори (гл.) - во (предл.)

На фронтот каде што заминува како доброволен болничар 1915 се запознава со Бекман и врз еден шатор ја слика славната „Мадона од Остенде” која изгоре во Втората светска војна.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Секое нешто во кое се загледуваше, разбудуваше море од спомени, ја враќаше во далечното минато и копаше во нејзиното срце, кое изгоре во огнот на нејзините копнежи и напразни очекувања.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ми се јави една тетка и јас ѝ кажав дека сум гладен а лебот изгорел в тава.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Што се запалило? - го прашуваат Митка. - Лебот, што! Изгорел во тавата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Изгорев тето, изгорев во сопствениот оган.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Поетот се посветува и изгорува во тоа да изнајде јазик во јазикот“, вели Пол Валери.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во годината 1841 изгоре во голем пожар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ние го запаливме огинот, огинот ќе гори, а ние ќе изгориме во него.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тогаш ќе изгорев во сопствениот оган од страсти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога ошле самовилите дома, си 'и нашле децата изгорени.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Појди, момче, кај онаа пештера - му рекле - кај нас дома и земи 'и очите од полица, што сет како две јаболка позлаќени, однеси му 'и дома на татка ти, нека 'и изеит и веднаш очите ќе му дојдат; ама кога ќе влезиш дома кај нас, кротко да одиш за да не 'и исплашиш децата и да се изгорат в огнот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зар не ти изгоре во куќата?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)