изгледа (гл.) - уште (прил.)

Не, тоа воопшто не беше неговото малку подзамижано десно око, сигурно мнозина би помислиле за него дека е стаклено, бидејќи и впечатокот беше таков, но за оној што знаеше дека тука нема никакво стаклено око, провалијата на нескладот на тоа преку секоја природна мерка подуено лице изгледаше уште поголема и уште потешка за одгатнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На господин Бизонд, што работи на преврски, за кого вршам мали „работички“ , ќе му изгледам уште поблед. Ќе се помири.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Црвените дебели усни што дотогаш му ги немав забележано, ми изгледаа уште помеки, а широките очи уште поболни.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)