изгледа (гл.) - сосема (прил.)

Ина на трапезот изгледаше сосема природно, како ниеден ден да не посветила на техниката или вежбата; немаше причина да не биде таква и во кревет. Имав и куќа: шатор небесен. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И покрај штотуку завршената прва година средно, таа изгледа сосема немалолетнички, со што ме убедува дека веројатно ќе се јави уште утредента наутро, и ќе продолжи да ми ѕвони упорно, во кратки интервали.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Многу од неговите забелешки, иако пишувани многу одамна во периодот од 1901 - 1916-та година, изгледаат сосема соодветни и денес.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Згрутчена околу црквичка, над чија врата беше насликан Свети Никола, населбата изгледаше сосема напуштена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Однадвор салата му изгледаше сосема обично, но кога излезе на сцената непријатно се изненади: наместо најавената жири комисија спроти него стоеја неколку водачи на африканско племе што не можеше точно да го препознае.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Плоштадот му изгледаше сосема чист како голема метла да ја измила нечистотијата што го зафаќаше сето пространство од кејот па сѐ до улицата над тврдината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)