изгледа (гл.) - некако (прил.)

Изгледаше некако нажалено кајмакамот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дури ѝ позајмив штикли од мојата братучетка Едита па изгледав некако повозрасна одколку што бев.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Своевремено и ја се палев на утакмици и како млад мајмун одев по стадиони и спортски сали да го бодрам омилениот тим ама денеска сето тоа ми изгледа некако дегутантно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ќе подречеше: - Мало ми изгледа некако прасево...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Изгледаше некако во занес, како малку внатре да ѝ беа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некои деца се држат за скутот на мајките, други изгледаат некако достоинствено, подготвени да се фатат во костец со она што уште не го разбираат, но кое лебди врз школскиот двор како фантом.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Му изгледаше некако нејасно позната, иако не се сеќаваше на статуата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)