изгледа (гл.) - во (предл.)

Скептиците залудно се обидуваат да ја преувеличуваат штетноста на последиците, не прави тие да се согледаат „движечката мета.” Со цел ваквите критичари да се смират, би сакал јасно да истакнам како легализацијата би можела да изгледа во пракса.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Џејмс Џекобс (James Jackobs), професор на Правниот факултет на Универзитетот во Њујорк, во едно свое излагање објавено 1991 година докажуваше дека „недостатокот од јасен предлог за легализација ја отежнува и проценката на проблемот и критиката на тој став.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Она што е актуелно во последно време на меѓународните дискусии за театарот, е полемиката која се води околу тоа каков е денешниот театар и како треба да изгледа во иднина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Чајникот изгледаше во нив како некое ситно ваганче, бронзените чапчиња тонеа во дланките, а од лажичките, што ги извади од некаде, чиниш и не остануваше ништо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа не е случајно, некој нешто сака, едно да се шпиунираат сите мои чекори, друго да се води интригантаната игра зад кулисите која изгледа во моето окружување никогаш нема да излезе од мода.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)