изврши (гл.) - свој (прид.)

Ние прилепчани многу добро го знаеме, порано како четник и ајдут, сега како грабач на туѓи имоти и „народен претставител“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Добро познатиот Ваш Василие Трбиќ, кој најпосле во наша заштита преку весниците испрати едно писмо до министерот за внатрешни работи Корошец, овдека тајно го извршува своето „добро дело“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На логиката на еден здрав разум ова никојпат не ѝ влезе в глава, но затоа Хегел и го изврши своето епохално откритие, со тоа што ја надмина оваа логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
За разлика од индиските, нашите тагови ги симнаа сите маски и целата држава ја земаа под свое (како ајдучко главешинство) и легално го извршуваат своето дело на убивање, барајќи сега од сите државјани спрема божицата Кали, којашто тие ја нарекуваат „Татковина”, да ја извршат својата „света должност” (ритуалното убиство), како што тоа го рече некое денешно министерски рангирано војничиште.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Би требало тоа распаѓање да се прет­вори во жесток процес, во насилна смрт, по пат на исмевање, преди­звику­ вање, повеќекратна симулација која што ритуалот на смртта на универзи­тетот би го понудила како модел на распаѓање на севкупното општество, заразен модел на напуштање на секоја општествена структура, во кој смрт­та конечно би го извршила своето пустошење кое што штрајкот очајнички се обидува да го оствари, во дослух со системот, успевајќи во најдобар случај да ја претвори во бавно, успорено изумирање, кое што дури веќе не е ни можно наместо некоја субверзија, некоја офанзивна реверзија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се прашувал: Како и зошто дојде до тоа стиховите да ја извршат својата мисија, да погалат, да облагородат во длабочината на фронтот, а не во близината на стиховниот источник, поточно во мојата најблиска близина?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Меѓутоа, бил забележан од телохранителите и, сфаќајќи дека не ќе може да ја изврши својата задача, се повлекол малку, запалил една бомба и седнал над неа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Била избрана и специјална комисија за прегледување на сметките, но таа не ја извршила својата задача.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Впрочем, и не е важно што мислеле, што предвидувале и што претпоставувале гемиџиите кога ги организирале и ги извршиле своите атентати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
ВЕРА: Да, но тоа исто така тогаш изврши свое влијание врз тебе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во однос на 27-мартовските настани во Белград, Далтон, кој бил одговорен за СОЕ, во својот дневник запишал „Очигледно е дека нашите момчиња добро си ја извршиле својата работа...
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Парите што ги потрошивме на српската Земјоделска партија и на другите опозициски партии одлично се исплатуваа...“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А само неколку од тие стотина милијарди што ќе ги исфрли во текот на животот, се репродуктивни: сите други не смогнуваат да ја извршат својата физиолошка функција.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)