изврши (гл.) - нов (прид.)

Биле распуштени Сенатот и Народното собрание и требало да се извршат нови избори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И кога во еден период Татко конечно согледа дека ќе мора да ја одложи за други времиња работата врз својот проект на животот, пишувањето на книгата Историјата на Балканот Балканот низ падовите на империите, реши да изврши нова значајна реформа во својата библиотека, да го промени распоредот на читањето на книгите, во потрага по нови идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, за тоа ќе се извршат нови консултации, ќе се испитаат искуствата од многу слични проекти во широката социјалистичка заедница, од Езерово до далечниот Сибир.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
По оваа реорганизација, ГШ донел наредба единиците на НОВ и ПО на Македонија да преминат во противофанзива на теренот на Источна Македонија со цел да се прошират борбените дејствија, да се создаде нова слободна територија и да се изврши нова мобилизација на борци.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Била донесена и Уредба за создавање Бановина Хрватска, како посебна автономна државно-правна област.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)