изврши (гл.) - најголем (прид.)

“Tu m” останува едно од визуелно најатрактивните дела од опусот на Дишан, дело чија драматска композиција и залажливиот илузионизам прават од него пригодна завршница на делот од кариерата на Дишан во кој тој се бави со сликарство, зашто по ова дело тој реши никогаш повеќе да не слика.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Есента 1915 била формирана XI македонска дивизија со 33.046 Македонци, а исто така голем дел се нашле и во диверзантските чети на Тодор Александров.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Процесот на транзиција е означен со низа промени од кои приватизацијата како радикален пресврт во општеството изврши најголемо влијание врз социјалните структури во Источна Европа и кај нас.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но аспектот на ова негово дело кој ќе изврши најголемо влијание врз уметниците на поп-генерацијата е прикачувањето на одредени предмети на површината на сликата: клинот остава впечаток како на него навистина да се закачени делови од облека, трите вистински безопасни игли се чини како да ја закрпуваат илузорната пукнатина на средината на композицијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бугарија која се спремала за “ослободување” на Македонија извршила најголема мобилизација во делот на Македонија под Бугарија и од големата македонска емиграција во Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)