изврши (гл.) - во (предл.)

Приемот се изврши во гостинската одаја на господарската зграда, во присуство на многумина турски високодостојници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Синдикатот може да бара од надлежниот суд да забрани исклучување од работа за време на штрајк, спротивно од одредбите на закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако работодавачот го објавува слободното работно место и во средствата за јавно информирање, рокот за пријавување започнува да тече од денот на последното објавување (чл. 23, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Синдикатот може да бара надомест на штета која тој или работниците ја претрпеле поради исклучувањето од работа за време на штрајк кое не е извршено во согласност со закон (чл. 243, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Симптоматична, и се чини противуставна, е категоричната и императивна одредба, којашто вели дека „против решението не е дозволена жалба“ (чл. 35, ЗМРРС). 14 Решението е правосилно и извршно со денот на доставувањето на страните во спорот – а ако во него е утврдено дека дејствието, кое е предмет на извршување, може да се изврши во оставениот рок, тоа станува извршно со истекот на тој рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Формалните договори можат да бидат раскинати со неформална спогодба, освен ако за определениот случај со закон е предвидено нешто друго или ако целта поради која е пропишана формата за склучување на договорот бара раскинувањето на договорот да биде извршено во истата форма (чл. 60, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Арбитерот донесува решение [а не пресуда] за предметот на спорот, во рок од 30 дена од денот на отворањето на расправата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, бугарските команданти во Македонија и јужна Србија не ја извршиле во потполност дадената наредба на отечественофронтовската влада.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Контактите со нив Илона ги имаше извршено во строга дискреција.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој вели (1991, стр.164) дека кога програмот се извршува во машината: Двата всушност се „едно”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тоа влијание може да се изврши во облик на компјутерски дефинирани и предавани бранови импулси на невротрансмиторите, наменети за сексуално возбудување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нашиот човек мојата наредба ја изврши во целост поради што Ви ја испраќам оваа строго доверлива информација и Ве известувам дека сè друго овде е во најголем ред, особено сега кога непосредната опасност е отстранета. Потпис: Тиле Петропулос. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Гемиџиите не ги послушале советите на Делчев, на Груев и на други раководители акцијата да се одложи и да се изврши во рамките на востанието.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Огромно вијание изврши во странство исто така и руската музика.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ваквата формулација дава можност работникот да склучи договор за вработување на неопределено време, што секако е позитивна промена, но временскиот период од 2 години како минимален рок во кој работникот треба да продолжи да работи е несразмерно долго утврден и умесно би било да се размисли за сведување на овој временски услов на 6 месеци; ѓ) кај сезонската работа дојде до нејзино поблиско дефинирање како „работа која поради климатските или природните услови не се извршува во текот на целата година, туку во одредени периоди – сезони, која не надминува осум месеци во период од 12 последователни месеци“ (чл. 6 од ЗИДЗРО/фев.13) Инаку, ова е втор обид да се дефинира максималното траење на сезонската работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Симптоматична, и се чини противуставна, е категоричната и императивна одредба, којашто вели дека „против решението не е дозволена жалба“ (чл. 35). 4 Решението е правосилно и извршно со денот на доставувањето на страните во спорот – а ако во него е утврдено дека дејствието, кое е предмет на извршување, може да се изврши во оставениот (париционен) рок, тоа станува извршно со истекот на тој рок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
При распитот што инспекторот го извршил во гостилницата Црвен рид, а во врска со посетата на М. Ѓурев на гостилницата, беше наведено: Гостилничарот изјави дека тој лично бил на џамлакот и го следел доаѓањето на градскиот човек М. Ѓурев уште од моментот кога тој се појавил на ритчето, значи уште пред да почне да се спушта по патеката покрај редицата тополи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)